Каталог на Производи/Продавница - DAIKIN COMFORA -25° оптимизиран за греење

DAIKIN COMFORA -25° оптимизиран за греење

Од: 131.775,00 ден. (со вклучено 18% ДДВ)

  • Загарантирано пријатно греење дури и на температура од -25ºC. на околината.
  • Високоѕидна инвертер клима  со  современ дизајн за заштеда на простор
  • Енергетска класа (ладење/греење): A++/A++
  • Достапни капацитети: 2,5KW; 3,5KW;
A++

  • Опис
  • Предности
  • ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
  • Оценки (0)
  • Каталози

Опис

Дискретна високоѕидна единица што овозможува голема ефикасност и удобност

  • Загарантирано пријатно греење дури и на температура од -25ºC. на околината.
  • Високоѕидна инвертер клима со елегантен дизајн, која штеди на простор.
  • Висока енергетска класа (ладење/греење): A++/A++
  • Достапни капацитети: 2,5KW; 3,5KW
  • R32 еколошки фреон, BLUEVOLUTION серија- Со избирање на производ со R-32 се намалува влијанието врз животната средина со 68% во споредба со R-410A и директно доведува до намалување на потрошувачката на енергија.
  • Температурен опсег на работа при ладење -10ºС до +46ºC
  • Температурен опсег на работа при греење -25ºС до +18ºC
  • Економичен режим
  • Комфорт проток на воздух
  • Моќен режим на работа
  • Беззвучна работа на надворешната единица
  • Многу тивка со ниво на звук до 20 dB (A)( внатрешна единица )
  • Тајмер: 24-часовен тајмер
  • Онлајн контролер (опционално)- управување на внатрешната единица преку мобилна аплиакција од било каде, преку локална мрежа или интернет
  • Фотокаталитичен титаниум апатитски филтер за прочистување на воздух
  • Може да се користи за мулти-модел апликација

Загарантирана работа и на -25 °C Даикиновите единици се подобнида грејат, за сите климатски услови, па дури и за екстремно тешки зимски температури во работно подрачје до -25°C.

 

Заштеда на енергија во режим на подготвеност - Тековната потрошувачка се намалува за околу 80% кога работи во режим на подготвеност.

 

Економичен режимна работа   - удобност без проблеми за вашето напојување со струја.Економичниот режим ви овозможува да ја ограничите најголемата  потрошувачка на енергија на клима-уредот, во случај ако прекинувачите избиваат кога други апарати (правосмукалка,микробранова печка итн) се вклучени во исто време или само доколку сакате да ја ограничите потрошувачката. Но вие го контролирате и кога  ви е потребно максимално ладење или греење, можете да го исклучите!

Ноќен режим на работа -  штеди на енергија спречувајќи да дојде до прегревање или ладење на просторијата во текот на ноќта.

 

Само вентилатор -  единицата може да се користи  како вентилатор за издувување на воздухот без ладење или греење.

 

Моќен режим на работа на клима уредот - Може да се избере доколку се сака  , брзо загревање или ладење на просторијата ; откако моќниот режим ќе биде исклучен, уредот повторно се враќа во претходно поставениот режим.

 

Режим за удобен проток на воздух - удобност при ладење и греење.
Режимот за удобен проток на воздух ја прилагодува насоката на дување на воздухот автоматски ,за да постигне најудобно распоредување на температурата во собата, при што се избегнува директно дување во луѓето.

Aвтоматско менување на греење - го избира режимот на греење или ладење за да ја постигне поставената температура.

 

Тивко работење на внатрешната единица - Работата на внатрешната единица може да се намали за 3 dB (A).

 

Тивко работење на надворешната единица - Работата на надворешната единица може да се намали за 3 dB (A).

 

Удобен режим на спиење - Копчето Silent на далечинскиот управувач, го намалува звукот на внатрешната единица за 3db(A). .Eдиниците со овој начин на работа можеда достигнат исклучително ниски нивоа на звук.

 

Титан - апатит дезодорирачки филтер - Филтрите на Daikin за квалитетно прочистување на воздухот можат да апсорбираат и уништуваат бактерии, вируси, амонијак, азотни оксиди и други штетни супстанци, како на пример, мирис од тутун и миленици и оставаат чист воздух без алергени. И сето тоа се прави на сосем неприметлив начин.

 

Воздушен филтер - Беспрекорно ги отстранува честичките во воздухот, обезбедувајќи внатрешниот воздухот да е чист.

 

Вертикално-автоматско дување на клапните - Можност да се одбере  автоматско вертикално движење на вентилационите  клапни за ефикасна дистрибуција на воздухот и  постигнување на потребната температура во просторијата.

 

Автоматска брзина на вентилаторот - автоматски се одбира потребната брзина на дување на вентилаторот со цел  да ја постигне или  одржи  поставената температура.

 

Брзи чекори на работа на вентилаторот - Овозможува избор на брзините на вентилаторот (5 брзини).

 

Програм за сушење -  Овозможува намалување на нивото на влага, без варирање на температурата во просторијата.

 

WiFi поврзување / Onecta - Управување со работењето преку апликацијата Onecta, вклучително и гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa.

 

24-часовен тајмер  Овозможува  да се подеси  да отпочне да работи клима уредот, во било кое време  во период  од 24 часа.

 

Инфра црвен далечински управувач - Овозможува активирање, запирање и регулирање на работата на клима уредот од далечина.

 

Автоматско рестартирање на единицата  по прекинот на струја - Доколку дојде до прекин на струјата, единицата  автоматски повторно се вклучува во работа и тоа во режим што бил претходно зададен пред исклучување на струјата.

 

Самодијагностика-  Едноставно прикажување  и информирање за   одредени грешки или аномалии, доколку дошло до прекин на работата на клима уредот.

Оценки

Сеуште нема оценка.


Само најавени корисници кои го купиле овој производ може да го оценат производот.

Daikin Comfora -25°C Optimised for heating

Превземи

Daikin COMFORA -25

Превземи

HCE_Split_Leaflet_2022_MK_Final

Превземи

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions