Каталог на Производи/Продавница - DAIKIN COMFORA

DAIKIN COMFORA

Од: 62.149,00 ден. (со вклучено 18% ДДВ)

  • Високоѕидна инвертер клима со современ дизајн за заштеда на простор (препорачлива за реновирани објекти, бидејќи лесно може да се вгради над врата)
  • Енергетска класа (ладење/греење): A++/A++
  • Достапни капацитети: 2KW; 2,5KW; 3,5KW; 5KW; 6KW; 7KW
A++

  • Опис
  • Предности
  • ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
  • Оценки (0)
  • Каталози

Опис

Дискретна високоѕидна единица што овозможува висока ефикасност и удобност

  • Високоѕидна инвертер клима со современ дизајн за заштеда на простор (препорачлива за реновирани објекти, бидејќи лесно може да се вгради над врата)
  • Енергетска класа (ладење/греење): A++/A++
  • Достапни капацитети: 2KW; 3,5KW; 5KW; 6KW; 7KW
  • Фреон: R32 еколошки фреон, BLUEVOLUTION. Избирањето на производот R-32 го намалува влијанието врз животната средина со 68% во споредба со R-410A и директно доведува до намалување на потрошувачката на енергија благодарение на високата енергетска ефикасност.
  • SEER  до  6,92
  • SCOP  до  4,65
  • Температурен опсег на работа при ладење  -10ºС  до  +46ºC
  • Температурен опсег на работа при греење   -15ºС  до  +18ºC
  • Економичен режим
  • Комфорт проток на воздух
  • Моќен режим на работа
  • Беззвучна работа на надворешната единица
  • Многу тивка со ниво на звук до 20 dB (A)( внатрешна единица )
  • Тајмер: 24-часовен тајмер
  • Онлајн контролер (опционално)- управување на внатрешната единица преку мобилна аплиакција од било каде, преку локална мрежа или интернет
  • Фотокаталитичен титаниум апатитски филтер за прочистување на воздух
  • Може да се користи за мулти-модел апликација


Економичен режим на работа
- удобност без проблеми за вашето напојување со струја.Економичниот режим ви овозможува да ја ограничите најголемата  потрошувачка на енергија на клима-уредот, во случај ако прекинувачите избиваат кога други апарати (правосмукалка,микробранова печка итн) се вклучени во исто време или само доколку сакате да ја ограничите потрошувачката. Но вие го контролирате и кога  ви е потребно максимално ладење или греење, можете да го исклучите!

Заштеда на енергија во режим на подготвеност - Тековната потрошувачка се намалува за околу 80% кога работи во режим на подготвеност.

 

Ноќен режим на работа - Штеди на енергија и спречува просторијата да не  се олади или прегрее во текот на ноќта.

 

Само вентилатор - единицата може да се користи  како вентилатор за издувување на воздухот без ладење или греење.

 

Автоматска брзина на вентилаторот - автоматски се одбира потребната брзина на дување на вентилаторот со цел  да ја постигне или  одржи  поставената температура.

 

Брзи чекори на работа на вентилаторот - Овозможува избор на брзините на вентилаторот (5 брзини).

 

Моќен режим на работа на клима уредот  Може да се избере доколку се сака  , брзо загревање или ладење на просторијата ; откако моќниот режим ќе биде исклучен, уредот повторно се враќа во претходно поставениот режим.

 

Режим за удобен проток на воздух - удобност при ладење и греење.
Режимот за удобен проток на воздух ја прилагодува насоката на дување на воздухот автоматски ,за да постигне најудобно распоредување на температурата во собата, при што се избегнува директно дување во луѓето.

Aвтоматско менување на греење-  ,го избира режимот на греење или ладење за да ја постигне поставената температура.

 

Беспрекорно тивок режим на работа  - внатрешната единица може експоненционално да достигнe ниво на бучава  до дури 19 dBA, што е исто како кога мрдаат лисјата на ветрот. Затоа овие единици може да се вклучуваат и при спиење. И некои надворешни единици можат да работат тивко, што е многу корисно во густо населени места или станбени блокови, каде што ниту преку ноќ нема да му пречат на соседството.

Идеално тивка - практично е безшумна и готово се заборава дека единицата постои.

 

Тивко работење на внатрешната единица - Работата на внатрешната единица може да се намали за 3 dB (A).

 

Тивко работење на надворешната единица - Работата на надворешната единица може да се намали за 3 dB (A).

 

Титан - апатит дезодорирачки филтер Ги фаќа честички во воздухот од  прав, органски хемиски супстанции, бактерии, вируси, алергени и ги разградува мирисите од тутун и домашни миленичиња.

 

Сребрен  филтер за прочистување на воздухот и отстранување на алергени  Го оневозможува продирањето на  алергените   како што се полен  и ситни честици од  прашина  повеќе од 99%.

 

Воздушен филтер - Беспрекорно ги отстранува честичките во воздухот, обезбедувајќи внатрешниот воздухот да е чист.

 

Вертикално-автоматско дување на клапните - Можност да се одбере  автоматско вертикално движење на вентилационите  клапни за ефикасна дистрибуција на воздухот и  постигнување на потребната температура во просторијата.

 

Xоризонтално- автоматско замавнување. Можност да се одбере  автоматско хоризонтално  движење на вентилационите  клапни за ефикасна дистрибуција на воздухот и  постигнување на потребната температура во просторијата.

 

3-D проток на воздух - еднаква температура низ целата соба.
Единиците што се опремени со 3-D проток на воздух можат да го насочуваат протокот на воздух налево или надесно, а не само нагоре или надоле – по желба на корисникот или автоматски. Ова постигнува совршена распределба на воздухот, и до најодалешените агли на просторијата.

Сува програма - Го намалува нивото на влажност во просторијата без да влијае на температурата.

 

WiFi поврзување / Onecta (Достапно како опција) - Управување со работењето преку апликацијата Onecta, вклучително и гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa.

 

24-часовен тајмер  Овозможува  да се подеси  да отпочне да работи клима уредот, во било кое време  во период  од 24 часа.

 

Инфра црвен далечински управувач - Овозможува активирање ,запирање и  регулирање на работата  на  клима уредот од далечина.

 

Автоматско рестартирање на единицата  по прекинот на струја - Доколку дојде до прекин на струјата, единицата  автоматски повторно се вклучува во работа и тоа во  режим што бил претходно зададен пред исклучување на струјата.

 

Самодијагностика -  Едноставно прикажување  и информирање за одредени грешки или аномалии, доколку дошло до прекин на работата на клима уредот.

 

Мulti-Split апликација –оваа единица може да се применува поврзана  на Мulti-Split надворешни единици.  Мulti-Split  апликацијата овозможува  на една надворешна единица да  се поврзат до 5 внатрешни единици  со различен капацитет и да се  климатизираат неколку простории  истовремено. што допринесува за поедноставна и поелегантна инсталација.

 

Оценки

Сеуште нема оценка.


Само најавени корисници кои го купиле овој производ може да го оценат производот.

Daikin COMFORA FTXP.pdf

Превземи

HCE_Split_Leaflet_2022_MK_Final

Превземи

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions