Каталог на Производи/Продавница - DAIKIN URURU SARARA

DAIKIN URURU SARARA

Од: 197.991,00 ден. (со вклучено 18% ДДВ)

  • Клима уред со уникатен третман на воздухот-5 функции во еден систем- ладење, греење, прочистување на вoздухот, вентилација и одвлажнување – сите во една единица.
  • Енергетска класа (ладење/греење): A+++/A+++
  • 3-D проток на воздух- обезбедува чистиот воздух да стигне дури и до најоддалечните агли на просторијата.
  • Филтер за автоматско чистење – Нема потреба да чистите филтри, благодарение на филтерот за самочистење кој заштедува време и ја намалува потрошувачката на енергија за 25%.
  • Уникатна Daikin FLASH STREAMER технологија- генерира електрони со висока брзина кои силно ги уништуваат вирусите, бактериите и непријатните мириси и алергени.
  • Достапни капацитети: 2,5KW; 3,5KW; 5KW
A+++

  • Опис
  • Предности
  • ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
  • Оценки (0)
  • Каталози

Опис

Овозможува целосна контрола над климата во просторот, овозможувајќи истовремено овлажување (или отстранување на влажноста), прочистување на воздухот и вентилација, со врвна ефикасност при греење и ладење.

  • Клима уред со уникатен третман на воздухот-5 функции во еден систем- ладење, греење, прочистување на вoздухот, вентилација и одвлажнување – сите во една единица.
  • Енергетска класа (ладење/греење): A+++/A+++
  • 3-D проток на воздух- обезбедува чистиот воздух да стигне дури и до најоддалечните агли на просторијата.
  • Филтер за автоматско чистење – Нема потреба да чистите филтри, благодарение на филтерот за самочистење кој заштедува време и ја намалува потрошувачката на енергија за 25%.
  • Интелегентно око за во 3 области: лево, десно и напред – го насочува протокот на воздух подалеку од луѓе, за да избегне директни настинки.
  • “On line” контролор преку интернет- можност за контролирање на внатрешната единица од било каде, во секое време со помош на апликација (на смартфон или таблет)преку локална мрежа или интернет
  • Уникатна Daikin FLASH STREAMER технологија- генерира електрони со висока брзина кои силно ги уништуваат вирусите, бактериите и непријатните мириси и алергени.
  • R32 еколошки фреон -влијае во намалување на штетното влијание врз околината до 68% , во споредба со R-410A и дополнително ја намалува потрошувачката на енергија, благодарение на повисоката енергетска ефикасност што ја оддава.
  • Достапни капацитети: 2,5KW; 3,5KW; 5KW
  • SEER до 9,54
  • SCOP до 5,90
  • Температурен опсег на работа при ладење од -10С до + 46С
  • Температурен опсег на работа при греење од -20С до + 24С
  • Економичен режим
  • Режим на удобност
  • Моќен режим на работа
  • Беззвучна работа на внатрешната единица
  • Беззвучна работа на надворешната единица
  • Тајмер: 24-часовен тајмер
Добитник на наградата ”REDDOT DESIGN AWARD 2013“ за 2013 година.    

Сензор за детекција на движење во 3 области - Протокот на воздух се испраќа до зоната различна од онаа каде што лицето се наоѓа во тој момент. Детектирањето на присуство се врши во 3 насоки: лево, десно и напред. Ако не се детектираат луѓе, единицата автоматски ќе се префрли на енергетски ефикасен начин на работа.

 

Уруру – навлажнување - Ја апсорбира влагата од надворешниот воздух и рамномерно ја дистрибуира во затворен простор.

 

Coanda efekt за ладење - го оптимизира протокот на воздух за подобра дистрибуција на температурата низ целата просторија, во зависност од тоа дали има потреба од греење или ладење. Кога е во режим на ладење, клима уредот – го насочува протокот на воздух нагоре.

 

Sarara - одвлажнување - Овозможува намалување на нивото на влага, без варирање на температурата  во просторијата.

 

Flash Streamer технологија - генерира електрони со висока брзина  кои силно ги уништуваат вирусите , бактериите  и непријатните мириси и алергени.

 

WiFi поврзување / Onecta (достапно како опција) - Управување со работењето преку апликацијата Onecta, вклучително и гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa.

 

Само вентилатор - единицата може да се користи  како вентилатор за издувување на воздухот без ладење или греење.

 

Филтер за автоматско чистење - филтерот автоматски се чисти, а едноставноста во одржувањето, значи оптимална енергетска ефикасност и максимална удобност, без потреба од скапи или долготрајни одржувања.

 

Беспрекорно тивок режим на работа - внатрешната единица може експоненционално да достигнe ниво на бучава  до дури 19 dBA, што е  исто како кога мрдаат лисјата на ветрот,Затоа овие единици   може да се  вклучуваат и при спиење. И некои надворешни единици можат да работат тивко, што е многу корисно во густо населени места или станбени блокови, каде што ниту преку ноќ нема да му пречат на соседството.

Заштеда на енергија во режим на подготвеност - Тековната потрошувачка се намалува за околу 80% кога работи во режим на подготвеност.

 

3-D проток на воздух - еднаква температура низ целата соба. Единиците што се опремени со 3-D проток на воздух можат да го насочуваат протокот на воздух налево или надесно, а не само нагоре или надоле – по желба на корисникот или автоматски. Ова постигнува совршена распределба на воздухот, и до најодалечените агли на просторијата.

 

Моќен режим на работа на клима уредот  Може да се избере доколку се сака  , брзо загревање или ладење на просторијата ; откако моќниот режим ќе биде исклучен, уредот повторно се враќа во претходно поставениот режим.

 

Централизирана контрола -  Започнува, запира и регулира неколку климатизери од една централна точка.

 

Економичен режим на работа   - удобност без проблеми за вашето напојување со струја. Економичниот режим ви овозможува да ја ограничите најголемата потрошувачка на енергија на клима-уредот, во случај ако прекинувачите избиваат кога други апарати (правосмукалка, микробранова печка и.т.н) се вклучени во исто време или само доколку сакате да ја ограничите потрошувачката. Но вие го контролирате и кога  ви е потребно максимално ладење или греење, можете да го исклучите!-

Режим за удобен проток на воздух - удобност при ладење и греење. Режимот за удобен проток на воздух ја прилагодува насоката на дување   на воздухот автоматски ,за да постигне најудобно распоредување на температурата во собата, при што се избегнува директно дување во луѓето.

 

Титан- апатит дезодорирачки филтер Филтрите на Daikin за квалитетно прочистување на воздухот можат да апсорбираат и уништуваат бактерии, вируси,амонијак, азотни оксиди и други штетни супстанци, како на пример, мирис од тутун и миленици и оставаат чист воздух без алергени. И сето тоа се прави на сосем неприметлив начин.

 

Воздушен филтер - Беспрекорно ги отстранува честичките во воздухот, обезбедувајќи внатрешниот воздухот да е чист.

 

Автоматска промена на ладење-греење -  го избира режимот на греење или ладење за да ја постигне поставената температура.

 

Удобен режим на спиење - Автоматски ги прилагодува температурите следејќи специфичен ритам идеален за ноќно време или спиење.

 

Тивко работење на внатрешната единица - Работата на внатрешната единица може да се намали за 3 dB (A).

 

Тивко работење на надворешната единица - Работата на надворешната единица може да се намали за 3 dB (A).

 

Вертикално-автоматско дување на клапните -  Можност да се одбере автоматско вертикално движење на вентилационите клапни за ефикасна дистрибуција на воздухот и  постигнување на потребната температура во просторијата.

 

Автоматска брзина на вентилаторот - ,автоматски се одбира потребната брзина на дување на вентилаторот со цел  да ја постигне или  одржи  поставената температура.

 

Зададен ноќен режим на работа -  Штеди на енергија и спречува просторијата да се олади или прегрее во текот на ноќта.

 

24-часовен тајмер  Овозможува  да се подеси  да отпочне да работи клима уредот, во било кое време  во период  од 24 часа.

 

Автоматско рестартирање на единицата  по прекинот на струја. Доколку дојде до прекин на струјата, единицата  автоматски повторно се вклучува во работа и тоа во  режим што бил претходно зададен пред исклучување на струјата.

 

Брзи чекори на работа на  вентилаторот - Овозможува избор  на брзините  на вентилаторот.

 

Самодијагностика-  Едноставно прикажување  и информирање за   одредени грешки или аномалии, доколку дошло до прекин на работата на клима уредот.

 

Инфра црвен далечински управувач.- Овозможува активирање ,запирање и  регулирање на работата  на  клима уредот од далечина.

 

Xоризонтално- автоматско замавнување. Можност да се одбере  автоматско хоризонтално  движење на вентилационите  клапни за ефикасна дистрибуција на воздухот и  постигнување на потребната температура во просторијата.

 

Оценки

Сеуште нема оценка.


Само најавени корисници кои го купиле овој производ може да го оценат производот.

Daikin URURU SARARA FTXZ

Превземи

HCE_Split_Leaflet_2022_MK_Final

Превземи

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions