fbpx

Политика за испорака

Политика и услови за испорака

Доставната служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е до 7 работни дена на цела територија на РМ за моделите на залиха , за сите други модели кои во моментот ги нема на залиха во магацинот на ИЦС ГРУП ДОО. потребно е време за негова испорака од 10-45 дена.

За сите нарачки, испораката е бесплатна за територијата на Република Македонија.

Пратките се доставуваат до првата врата ( дворна врата од куќа, влезна врата од зграда ) и важи за сите производи. Во недела и празници доставната служба не ги доставува производите.Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку доставните служби  на адресата која е наведена во порачката.Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорности  по однос на рекламацијата за испорака на производите.Доколку прозводот е купен со вклучена монтажа , тогаш купувачот заедно со инсталатерот е должен да го проверат уредот за неговата исправност пред да се пристапи кон  инсталирање на истиот.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

Право на рекламација

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка. Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното и сето тоа по барање или мислење на купувачот, тогаш наша сервисна екипа ќе Ве посети за да се утврдат посочените недостатоци. Вие имате право за доставениот производ  да побарате замена во рок од 7 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети, не оштетен,  и сл.Транспортниот трошок за враќање на производите во овој случај е на трошок на купувачот. Можете да го вратите лично , преку доставните служби на РМ или преку сервисната служба  на ИЦС ГРУП која го утврдила  дефектот.Ве молиме да не известите на бројот 02/3109-949 или на нашата електронска адреса  contact@icsgroup.mk и тоа во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.Втор случај  е доколку се одбере производ  (без монтажа)  и  истата е направена од  инсталатерски служби ангажирани од  самиот купувач. Ако  во текот на експлоатација се  појави  дефект во работењето, тогаш ИЦС ГРУП ќе прати своја сервис служба за да  процени  како резултат на што е настанат дефектот. Ако е како последица  на  нестручна монтажа, ИЦС ГРУП не ја признава гаранцијата .Доколку дефектот е последица на  фабричка грешка,  во тој случај ИЦС ГРУП е должен да го замени уредот  со  ист таков производ или  имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. ИЦС ГРУП ДОО. се обврзува да ве извести дали  има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 45 дена од денот на приемот на барањето.Исто така во случај ако  монтажата  на уредот е направена од нашите инсталатерски екипи, производот подлежи на безусловна гаранција од 36 месеци . Ако  во тој случај се констатира  дефект како  последица на  фабричка грешка,  во тој случај ИЦС ГРУП е должен да го замени уредот  со  ист таков производ. . ИЦС ГРУП ДОО. се обврзува да ве извести дали  има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 45 дена од денот на приемот на барањето.Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка и банката која ќе ја наведете во Формата “РЕКЛАМАЦИЈА”.