Блог новости

Врати се кон Блог новости

DAIKIN поблиску до потрошувачите – ИЦС ГРУП го отвори новиот продажен салон “i-SHOWROOM”

Денес ИЦС ГРУП е препознатлива компанија во Македонија во областа на климатизација и вентилација и преставува синоним за иновативност, квалитет и професионалност.

Како премиум партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, сакавме производите да ги донесеме што поблиску до секој заинтересиран клиент. За таа цел ИЦС ГРУП го отвори третиот изложбено-продажен салон во Скопје, лоциран во населба Карпош на  Булевар Илинден бр.160.

На површина од околу 200м2, дизајниран според сите стандарди на премиум брендот Daikin, посетителите ќе можат на едно место да ги видат и почуствуваат  предностите и начинот на работа на енергетско-ефикасните системи од палетата на овој престижен бренд

  • Инвертер  – клима уреди,
  • Altherma – топлотни пуми,
  • VRV системи,
  • Вентилконвектори
  • Прочистувачи на воздух
 

Пријатната атмосфера на салонот, овозможува секој посетител да се чуствува добредојдено.
Во неговата работа, главен акцент е ставен на високо-професионалниот однос на сите вработени, преку следниве активности:

  • Изработка на термотехнички и енергетско- ефикасни решенија за секој вид на објекти.
  • Продажба на DAIKIN опрема.
  • Професионална инсталација на клими и останата термотехничка опрема.
  • Сервис и одржување.
  • Он-лајн продажба од WEB продавницата на ИЦС ГРУП, со низа дополнителни предности и попусти.

Потпирајќи се на 20 годишното стручно искуство, ИЦС ГРУП со својот тим на стручни лица/машински инженери, успешно може да ги исполни очекувањата на голем број заинтересирани посетители. Секој корисник при купување на DAIKIN систем, ќе добие стручен совет или ќе му биде бесплатно изработено термотехничко решение според индивидуалните потреби за бараниот објект. 
Компанијата исто така располага и со сопствени сертифицирани сервисни и монтерски екипи, специјализирани за DAIKIN инвертер технологија, кои во секое време успешно може да одговори на потребите на клиентите.

Можноста за он-лајн купување е една од приоритетите на ИЦС ГРУП. Преку нашата веб-продавница, овозможено е он-лајн купување 24/7 од дома преку компјутер, телефон или таблет или во самиот салон, каде сите купувачи ќе имаат дополнителни попусти и одлични цени. 
Сигурноста и заштитата при купување се едни од приоритетите на компанијата, а испораката е бесплатна низ цела Македонија. Затоа не чекајте, посетете не на www.icsgroup.mk, регистрирајте сè, одберете го вашиот омилен модел и добијте го производот полесно од кога и да било.

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions