ИСПОРАКА, РЕКЛАМАЦИЈА И ПОВРАТ НА СРЕДСТВАТА

ИСПОРАКА, ПРАВО НА РЕКЛАМАЦИЈА И ПОВРАТ НА СРЕДСТВАТА

Политика и услови за испорака

Доставната служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е од 2 до 7 работни дена на цела територија на РМ. до секоја адреса и населено место.    
Пратките се доставуваат до првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Во недела и празниците доставната служба не испорачува.

Други информации околу испораката

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштететни. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката и да сенаправи и  потпише записник.

Сите пратки се обезбедени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за превземањето.

Доколку прозводот е купен со вклучена монтажа од ИЦС ГРУП, испораката ја прават самите монтери.Монтажата  дополнително се наплатува  во зависност од капацитеот на уредот.

За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број: +389 2 511 54 24 или 076 344 728 или преку email: contact@icsgroup.mk 

Испорака на производ со недостатоци


Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.
Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа:
– врз основа на презентирање на производот;
– употребата за која е разумно дека производот ќе се користи;
– времето кога производот е пуштен во промет и
– кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрочувачи или договорните обврски.

Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид:
– својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување;
– дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи;
– презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и
– категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:
– бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
– сразмерно намалување на продажната цена;
– замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
– замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на
производната цена и
– раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.

Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда. ИЦС ГРУП ДОО е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила.
Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање.


Право на рекламација

А) Кога нарачаниот производ е купен од Е- продавницата на
ИЦС ГРУП, без монтажа од нашите  монтерски екипи (само со испорака), должни сте веднаш  по испораката да го прегледате  производот, со цел да утврдите дали истиот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара со нарачаното : -не задоволува во однос на капацитет, во однос на форма, големина, модел, боја, број или од други причини отстапува од нарачаното( и сето тоа по барање или мислење на купувачот).

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 02/511 54 24 ,076/344 728  или на нашата електронска адреса contact@icsgroup.mk или Пополнете ја Формата “РЕКЛАМАЦИЈА” која се наоѓа во долните дел на нашата веб страна. и тоа во рок од 24часа  од моментот на доставувањето.

Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

Вие имате право за доставениот производ  да побарате замена во рок од 7 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети, не оштетен,  и сл. Транспортниот трошок за враќање на производите во овој случај е на трошок на ИЦС ГРУП ДОО. Можете да го вратите лично или преку доставните служби на РМ.

Ако ИЦС ГРУП  ДОО нема ист ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. ИЦС ГРУП ДОО. се обврзува да ве извести дали  има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

  • Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка и банката која ќе ја наведете во Формата “РЕКЛАМАЦИЈА”.

Б) Втор случај на недостаток и рекламација може да се јави во текот на експлоатација на уредот .Ако производот е купен   (без монтажа од страна на ИЦС ГРУП) ,  истата е направена од  инсталатерски служби ангажирани од  самиот купувач, и ако во текот на користење на уредот се појави  дефект во работењето, тогаш ИЦС ГРУП ќе прати своја сервисна  служба за да  процени  како резултат на што е настанат дефектот.

Ако е како последица  на  нестручна монтажа или несоодветно ракување со истиот  ИЦС ГРУП не ја признава гаранцијата соодветно и штетата. Доколку дефектот е последица на фабричка грешка,  во тој случај ИЦС ГРУП е должен да го замени уредот  со  ист таков производ. Купувачот   има право да побара да му се вратат парите или да  сочека производот да го замениме со соодветен, кога ќе има таков.

ИЦС ГРУП ДОО. се обврзува да го извести купувачот, дали  има таков производ за продажба, во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

В) Исто така во случај ако монтажата на уредот е направена од инсталатерски екипи на ИЦС ГРУП, а во периодот на важност на гаранцијата од 36 месеци се констатира  дефект во работата на уредот   како  последица на  фабричка грешка или други неправилности,  ИЦС ГРУП е должен да го отстрани дефектот или да го замени уредот  со  ист таков.

Доколку производот треба да се врати, ИЦС ГРУП ДОО. се обврзува да Ве извести дали  има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето или да Ви ги врати парите. Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат префрлени  на сметката  и банка која ќе ја наведете во Формата “РЕКЛАМАЦИЈА” или наведена во соодветно барање.