За Daikin – HOME C°MFORT EXPERT

HOME C°MFORT EXPERT

Oзнака која преставува највисоко ниво на стручност, искуство и комплетна услуга кон крајниот купувач

HOME C°MFORT EXPERT е престижно признание кое Јапонскиот  производител – DAIKIN им го доделува на своите најдобри партнери – дистрибутери.  Home C°mfort Expert преставува признание со кое DAIKIN  ја дефинира силната поврзаност и лојалност меѓу избраниот партнер и  самиот производител. Попрецизно, овој знак може да го поседуваат  само оние компании кои имаат најголемо искуство со производите на DAIKIN.

Партнерите кои  Daikin ги одбира како дел од оваа програма, претходно се ставени на повеќегодишна анализа.


Истите треба да имаат  поминато низа од долготрајни селекции, да располагаат со големо искуство, екипираност и беспрекорно познавање за DAIKIN  производите и технологиите.
Да поседуваат  изложбено – продажни салони, каде на лице место секој  купувач ќе може да ги види производите, па и да  ја почуствува нивната работа.
потребно е да поседуваат определена  залиха на дел од oпремата наменета  за резиденцијална употреба,
Да реализираат редовни посети на курсеви и напредни обуки на целиот стручен тим, со цел во секое време да се одговори со стручна и најдобра услуга и
DAIKIN посебно високо го рангира секој свој дистрибутер,  доколку поседува и сопствен тим од сервисери и монтери, кои ќе му бидат на располагање на купувачот во најкус временски период.

Горди сме на фактот што во Македонија единствен сопственик на сертификатот Premium Home C°mfort Expert  е ИЦС ГРУП.

Со исполнувањето на строгитете  критериуми  што ги бара DAIKIN,  ИЦС ГРУП на сите свои купувачи со сигурност им нуди:

  • Загарантирано најдобра услуга од високо-квалификувани експерти.
  • Можност да се запознаат лично  со производите на DAIKIN  во   изложбено-продажни локации на ИЦС ГРУП

-Продажен салон – Скопјанка : (02) 5 11 54 24

-Продажен штанд –City Mall (1кат) 076 / 344-728

  • Понудени најдобри – можни решенија
  • Сигурност дека во гарантниот рок  на купениот  клима уред, а и после  него , ќе може да се смета на брза и компетентна реакција  од страна на сервисерите  на ИЦС ГРУП.

Сведоци сме дека во  последно време прашањето на  квалитетот на  внатрешниот  амбиетален воздух се повеќе добива на значење. Последиците  од нечистиот воздух врз  здравјето, не се чувствуваат веднаш, туку се  чуствуваат многу години подоцна. Токму затоа климатизацијата  не  е само  одржување на идеална температура, туку  тоа  на прво место  подразбира одржување на релативната влажност,вентилација и филтрирање.

Затоа контактирајте го својот  Daikin Home C°mfort Expert и уживајте во придобивките.

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions