УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА Е-ПРОДАВНИЦА

Ве молиме прочитајте ги внимателно Условите и Правилата пред да ги користите сервисите за нарачка или плаќање преку веб страната www.icsgroup.mk. Ако не се сложувате со нашите услови и правила, Ве молиме да не ги користите овие сервиси за нарачка и плаќање на нашите продукти, добивање на новости, актуелни попусти и привилегија на наш лојален потрошувач кој би добивал подароци и купони за дополнителни попусти. Ви препорачуваме повремено да ја проверувате страната за одредени промени и да отоврите кориснички профил како би биле известувани за сите наши акции и активности.

www.icsgroup.mk исто така е интернет страна која е од информативен карактер за производите, услугите и активностите кој ги нуди ИЦС ГРУП. ДОО Скопје и нејзините партнери.

ИЦС ГРУП го задржува правото на промена и на дополнување на Условите и Правилата за користење на сервисите на веб страната www.icsgroup.mk. Сите веќе постоечки корисници кој веќе имаат свој кориснички профил на страната и се согласиле со старите услови ќе бидат информирани за промените на својата E-mail адреса.

КОРИСТЕЊЕ

www.icsgroup.mk може да се користи како информативна веб страна и можност да купите и нарачате од Daikin производите, а во согласност со овде наведените услови и правила. Секој корисник кој има отворено Кориснички Профил на веб страната на ИЦС ГРУП има можност во секое време да го избрише својот Кориснички Профил и да се откаже од сервисите кој ги нуди веб страната. Со користњето на сервисот за нарачка или плаќање на www.icsgroup.mk се обврзувате да ги почитувате и се согласите со следниве услови и правила.

УСЛОВИ

Условите за нарачка и купувањe на производи преку интернет продавницата на www.icsgroup.mk се дефинирани со следниве параметри:

  • Лицето кое ја прави нарачката или плаќањето на продуктот преку интернет продавницата на ИЦС ГРУП задолжително да има наполнето 16 години.
  • Нарачка (која се утврдува и е валидна само по плаќање на целосната сума од про-фактурата),
  • On-line плаќање
  • Подготовка,
  • Испорака,
  • Рекламација– која се прави преку телефон, e-mail , преку Формата за Рекламација на производ  или во некој од продажните салони на ИЦС ГРУП.

Испорачателот на производите ИЦС ГРУП. ДОО Скопје преку својата интернет продавница овозможува нарачка (која се утврдува и е валидна само по плаќање на целосната сума од про-фактурата) и on-line плаќање на производи кои се наоѓаат во неговата понуда, и го задржува правото да производите кои не се на залиха ,ги достави најдоцна до 45 дена од уплатата. Сите цени се изразени во македонската национална валута – денари со вклучен ДДВ.

РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ

Корисник на www.icsgroup.mk може да биде секое физичко лице над 16 години или правно лице регистрирано во Република Македонија. При самата регистрација како Корисник, корисникот креира профил и потврдува доколку е физичко лице дека има наполнети 16 години, информациите кои ги обезбедува при регистрацијата како Име и Презиме, е-маил адреса и сл. се валидни.

При регистрација на правно лице како купувач и креирање на профил, правното лице – купувач, потврдува дека: легално е регистрирано и постои согласно законите на матичната земја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата  и  се однесуваат на називот на правното лице и емаил адресата се валидни во времето на регистрација и за време на процесот на нарачка и купување на производи преку www.icsgroup.mk.  Со самата регистрација како корисник, корисникот потврдува дека се согласува со сите услови за користење.

При регистрацијата Корисникот потврдува дека е согласен да добива електронски пораки на е-маил со промотивни содржини од страна на www.icsgroup.mk  и неговите партнери. Понатака, доколку купувачот не сака да ги добива овие пораки на својот е-маил ќе му биде дадена можност да ја откаже оваа опција.

СИГУРНОСТ

При самата регистрација во нашите интернет продавници должни сте да креирате корисничко име и лозинка која треба да ја зачувате само за себе и да не ја давате на други лица. Одговорни сте за сите акции и нарачки кои се нарачани со вашето име и лозинка. Ако знаете или ако ce сoмневате дека уште некој друг ја знае Вашата лозинка, должни сте да не известите за тоа во нашиот Контакт центар на тел. 02 3084 465, моб: 076 344 728 или писмено преку e-mail: i-showroom@icsgroup.mk  или  info@icsgroup.mk. Доколку постои било каква сомнителност за некаков пропуст во сигурноста ИЦС ГРУП ДОО. има право од Вас да бара да ја промените лозинката или може да го блокира или избрише Вашиот кориснички профил.

НАРАЧКА

Производите се нарачуваат по електронски пат:

  • Со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошница. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога корисникот ќе добие e-mail со нарачката и про-фактура во PDF формат. Оваа про-фактура е валидна 3 дена од денот на издавање, доколку не биде платена во овие 3 дена нарачката ќе се смета за откажана. 
  • On-line плаќање со кредитна или дебитна картичка. По извршената уплата, ИЦС ГРУП. ДОО се обврзува да ги испорача во рок од 2-7 работни дена, сите нарачани производи кои за време на нарачката ги има на залиха или до максимум 45 дена ако производот го немаме на залиха.

 Е-ПРОДАВНИЦА- опис на купување

​1. Отворете КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ ако прв пат купувате (Препорачано но незадолжително), ако веќе имате отворено Кориснички Профил во нашата продавница само најавете се.

  1. Го бирате производот кој сакате да го купите притискате на :  ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ –>
  2. Одбирате модел,  боја и  јачина на моделот изразена во KW –>
  3. Избирате дали сакате или не, производот да биде монтиран од стручниот тим на ИЦС ГРУП –>
  4. Притискате ВО КОШНИЦА–>
  5. Следен е чекорот за проверка на тоа што нарачувате и колку би ве чинело тоа вкупно–>
  6. Следно Кликенете на ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПЛАЌАЊЕ.
  7. Откако сте кликнале ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна која ќе ги побара да ги внесете вашите лични податоци за да се реализира нарачката (со добивање на профактура на вашата e-mail адреса) /
  8. Откако ќе ја потврдите нарачката на ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА, вашата нарачка во форма на E-mail и про-фктура во PDF формат ќе Ви биде испратена на вашата e-mail адреса. 
  9. Доколку ИЦС ГРУП ДОО не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail.

ЦЕНИ

Цените на производите се со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ). Постои можност да се одбере цена на уредот со монтажа (која дополнително се наплатува)  и цена безмонтажа.
Препорачливо е да се избере можноста со монтажа, каде што инсталатерските екипи овластени од ИЦС ГРУП, ќе ја направат испораката и монтажата на уредот професионално, а важноста на гаранцијата e од 36 месеци и ќе биде безусловна.
Во спротивно доколку се одбере производ (без монтажа) само со испорака, службата за испорака со која ИЦС ГРУП има склучено договор ќе направи бесплатна испорака до посочената адреса.
Цените на производите не се менуваат во времето помеѓу нарачка и приемот на производот. Вие ја плаќате цената што може да се види на производ во времето на нарачка на производот.

ПОДГОТОВКА НА НАРАЧКАТА

Сите порачани производи ќе бидат спакувани во сооодветна амбалажа спакувана од производителот, за да истите не бидат оштетени за време на транспортот. Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорности по однос на рекламацијата за испорака на производите. Доколку прозводот е купен со вклучена монтажа, тогаш купувачот заедно со инсталатерот е должен да го проверат уредот за неговата исправност пред да се пристапи кон инсталирање на истиот.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

ИЦС ГРУП ДОО ви овозможува да го платите одбраниот производ со:
•со платежните картички VISA, MasterCard и Maestro  или
• вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство.

Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:

Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата еmail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката. Оваа профактура е валидна 3 дена од денот на издавање. Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или на редовниот начинот со уплатница во најблиската банка или пошта. По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака или доколку сте уплатиле производ со вклучена монтажа, нашите монтерски екипи ќе ви ја достават порачаната пратка.

ИСПОРАКА НА КУПЕН ПРОИЗВОД

Цената на испораката е бесплатна за целата територија на Р. Македонија

Доставната служба ја испорачува секоја пратка во рок од 2 до 7 работни дена, до секоја адреса и населено место.

Пратките се доставуваат до првата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Во недела и празниците ,доставната служба не испорачува.

Други информации околу испораката

Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Сите пратки се обезбедени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При преземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за преземањето.

Производите  доколку се купени со монтажа од ИЦС ГРУП , испораката на уредот ја прави монтерската екипа.

ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Гаранцијата на производите се наоѓа во Описот на производите. Во случај на некаков дефект, обратете се на телефонскиот број: +389 2 3084 465 , 076 344 728 или преку email i-showroom@icsgroup.mk или на info@icsgroup.mk

Можете да пратите барање и преку Формата за Рекламација на производ, која се наоѓа во долниот дел на нашата продавница.

НАДВОРЕШНИ УСЛУГИ

Услугите кои Ви ги овозможува ИЦС ГРУП ДОО интернет продавницата не ги вклучуваат трошоците што ги сносите користејќи ја компјутерската опрема и услугите за пристап на нашите страни. ИЦС ГРУП не е одговорен за трошоците за телефонот или било кои други трошоци кои може да настанат.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Содржината на www.icsgroup.mk интернет продавницата е заштитена и ИЦС ГРУП. доо го има еднинственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината од www.icsgroup.mk мора предходно да добиете одобрение и да не контактирате на e-mail: contact@icsgroup.mk  или  info@icsgroup.mk.

ДОСТАПНОСТ

Иако ИЦС ГРУП ДОО настојува да Ви ја даде најдобрата понудена услуга, ИЦС ГРУП. ДОО не може да гарантира дека услугите на www.icsgroup.mk ќе одговараат на Вашите потреби. ИЦС ГРУП ДОО исто така не може да гарантира дека услугите ќе бидат без грешки. Доколку дојде до такво нешто Ве молиме да се јавите на тел. број 02 3084 465, 076 344 728 или на e-mail: i-showroom@icsgroup.mk ,
info@icsgroup.mk. како истата би ја отстраниле во најбрз можен период. Пристапот до www.icsgroup.mk понекогаш може да биде недостапен поради работа и одржување на истиот или воведување на нови содржини.

ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

www.icsgroup.mk може да има вклучено врски (линкови) до други интернет страни. Содржините на тие страни се надвор од контролата на ИЦС ГРУП. ДОО и затоа не сме одговорни за содржината на тие страни.

ОГЛАСУВАЊЕ

Делот на www.icsgroup.mk ИЦС ГРУП. ДОО е одговорен за огласувањата во делот на маркетингот и за содржината која треба да биде во согласност со законските норми и правила. ИЦС ГРУП. ДОО не е одговорен за било какви погрешки и неправилности во делот на документацијата од маркетинг кампањата.

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions