ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови за користење.

Користењето на нашата страница и услугите  на веб продажба на ИЦС ГРУП  ДОО., значи дека сте запознaени со нашите Услови за користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

Oфицир за заштита на лични податоци:
Ивона Петровска  тел. 02 3109 949, е-маил  ivona@icsgroup.mk

Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на ИЦС ГРУП  ДОО, која е детално опишана во делот насловен: “Упатство за купување” и “Испорака ”, потребно е ИЦС ГРУП  ДОО да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате на  ИЦС ГРУП  ДОО  да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на ИЦС ГРУП  ДОО, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите. 

ИЦС ГРУП  ДОО ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени.

Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци. 
Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на i-showroom@icsgroup.mk, info@icsgroup.mk  или на +389 2 3084 465, 076 344 728.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, ИЦС ГРУП  ДОО да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови за користење.

Гаранции и одговорности


ИЦС ГРУП  ДОО ја управува страницата
www.icsgroup.mk од своето седиште на ул. 164 бр.46А 1000 Скопје. Така, ИЦС ГРУП  ДОО гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Македонија. Од друга страна, ИЦС ГРУП  ДОО не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Македонија, тоа го правите свесни за последиците и по сопствена волја. Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, ИЦС ГРУП  ДОО не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на ИЦС ГРУП  ДОО. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. ИЦС ГРУП  ДОО не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа ИЦС ГРУП  ДОО не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

ИЦС ГРУП  ДОО нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб-сајт. Сепак, ИЦС ГРУП  ДОО има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. ИЦС ГРУП  ДОО не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија.

Промена на Политиката за приватност и Условите за користење


ИЦС ГРУП ДОО го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.
Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Македонија.

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на ИЦС ГРУП  ДОО и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
ИЦС ГРУП  ДОО ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички

ИЦС ГРУП  ДОО ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ИЦС ГРУП  ДОО не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

Ние имплементираме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци, кога нарачувате . Ние користиме сигурносен сервер. Сите податоци за платежната картичка се трансмитираат преку Secure Socket Layer (SSL) технологија и потоа се енкриптираат во базата на податоци на провајдерот на платежниот систем (Payment Gateway Database). Пристап кон овие податоци имаа исклучиво авторизирани лица со специјални пристапни права кон системите и се обврзани да ја чуваат тајноста на податоците. ИЦС ГРУП  ДОО согласно член 27 став 2 точка 8 и член 31 од Законот за заштита на лични податоци изјавува дека интернет страната www.icsgroup.mk е хостирана во ЕУ.  

Политика за заштита на доверливите податоци и информации

ИЦС ГРУП  ДОО ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ИЦС ГРУП  ДОО за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

Политика на поврат на средства по траксакција со платежни картички

ИЦС ГРУП  ДОО ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions