fbpx

Услови за користење

УСЛОВИ И ПРАВИЛА

Ве молиме прочитајте ги внимателно Условите и Правилата пред да ги користите сервисите за нарачка или плаќање преку веб страната www.icsgroup.mk. Ако не се сложувате со нашите услови и правила, Ве молиме да не ги користите овие сервиси за нарачка и плаќање на нашите продукти, добивање на новости, актуелни попусти и привилегија на наш лојален потрошувач кој би добивал подароци и купони за дополнителни попусти. Ви препорачуваме повремено да ја проверувате страната за одредени промени и да отоврите кориснички профил како би биле известувани за сите наши акции и активности. www.icsgroup.mk исто така е интернет страна која е од информативен карактер за производите, услугите и активностите кој ги нуди ИЦС ГРУП. ДОО Скопје и нејзините партнери. ИЦС ГРУП го задржува правото на промена и надополнување на Условите и Правилата за користење на сервисите на веб страната www.icsgroup.mk. Сите веќе постоечки корисници кој веќе имаат свој кориснички профил на страната и се согласиле со страрите услови ќе бидат информирани за промените на својата E-mail адреса.

КОРИСТЕЊЕ

www.icsgroup.mk може да се користи како информативена веб страна и можност да нарачате или купите дел од Daikin производите, а во согласност со овде наведените услови и правила. Секој корисник кој има отворено Кориснички Профил на веб страната на ИЦС ГРУП има можност во секое време да го избрише својот Кориснички Профил и да се откаже од сервисите кој ги нуди веб страната. Со користњето на сервисот за нарачка или плаќање на www.icsgroup.mk се обврзувате да ги почитувате и се согласите со следниве услови и правила.

УСЛОВИ

Условите за нарачка и купувањe на производи преку интернет продавницата на www.icsgroup.mk се дефинирани со следниве параметри:
  • Лицето кое ја прави нарачката или плаќањето на продуктот преку интернет продавницата на ИЦС ГРУП задолжително да има наполнето 18 години.
  • Нарачка (која се утврдува и е валидна само по плаќање на целосната сума од про-фактурата),
  • On-line плаќање (која услуга наскоро ќе биде активна),
  • Подготовка,
  • Испорака,
  • Рекламација – која се прави преку телефон или во некој од продажните салони на ИЦС ГРУП.
Испорачателот на производите ИЦС ГРУП. ДОО Скопје преку својата интернет продавница овозможува нарачка (која се утврдува и е валидна само по плаќање на целосната сума од про-фактурата) и on-line плаќање (која услуга наскоро ќе биде активна), на производи кои се наоѓаат во неговата понуда, и го задржува правото да производите кој не се на залиха ги достави најдоцна до 45 дена од уплатата. Сите цени се изразени во македонската национална валута – денари со вклучен ДДВ.

РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ

Корисник на www.icsgroup.mk може да биде секое физичко лице над 18 години или правно лице регистрирано во Република Македонија. При самата регистрација како Корисник, корисникот креира профил и потврдува доколку е физичко лице дека има наполнети 18 години, информациите кои ги обезбедува при регистрацијата како Име и Презиме и е-маил адреса се валидни. При регистрација на правно лице како купувач и креирање на профил, правното лице купувач потврдува дека: легално е регистрирано и постои согласно законите на матичната земја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата кои се однесуваат на називот на правното лице и емаил адресата се валидни во времето на регистрација и за време на процесот на нарачка и купување на производи преку www.icsgroup.mk. Со самата регистрација како корисник, корисникот потврдува дека се согласува со сите услови за користење. При регистрацијата Корисникот потврдува дека е согласен да добива електронски пораки на е-маил со промотивни содржини од страна на www.icsgroup.mk и неговите партнери. Понатака, доколку купувачот не сака да ги добива овие пораки на својот е-маил ќе му биде дадена можност да ја откаже оваа опција.

НАРАЧКА

Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошница. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога корисникот ќе добие e-mail со нарачката и про-фактура во PDF формат. Оваа про-фактура е валидна 3 дена од денот на издавање, доколку не биде платена во овие 3 дена нарачката ќе се смета за откажана. ИЦС ГРУП. ДОО се обврзува да ги испорача во најкраток можен рок сите нарачани производи кои за време на нарачката ги има на залиха или до максимум 45 дена ако производот го немаме на залиха.

Опис на купување (Е-ПРОДАВНИЦА)​

​1. Отворете Кориснички Профил ако прв пат купувате (Препорачано но незадолжително), ако веќе имате отворено Кориснички Профил во нашата продавница само најавете се.
  1. Го бирате производот кој сакате да го купите притискате на ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ –> Ја одбирате бојата, јачината на моделот изразена во KW –> Избирате дали сакате или не, производот да биде монтиран од стручниот тим на ИЦС ГРУП –> Притискате ВО КОШНИЦА –> Следен е чекорот за проверка на тоа што нарачувате и колку би ве чинело тоа вкупно–>​ Следно Кликенете на ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПЛАЌАЊЕ.
  2. Откако сте кликнале ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна која ќе ги побара да ги внесете вашите лични податоци за да се реализира нарачката (со добивање на профактура на вашата e-mail адреса) /плаќањето (кое наскоро ќе биде во функција).
  3. Откако ќе ја потврдите нарачката на ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА, вашата нарачка во форма на E-mail и про-фктура во PDF формат ќе Ви биде испратена на вашата e-mail адреса.
Доколку ИЦС ГРУП ДОО не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail.

ЦЕНИ

Цените на производите се со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ) од 18%. Постои можност да се одбере цена на уредот со монтажа и цена без монтажа. Препорачливо е да се избере можноста со монтажа каде што инсталатерските екипи на ИЦС ГРУП, ќе ја направат испораката и монтажата на уредот професионално, а важноста на гаранцијата од 36 месеци ќе биде безусловна. Во спротивно доколку се одбере производ ( без монтажа) само со испорака, службата за испорака со која ИЦС ГРУП има склучено договор ќе направи бесплатна испорака до посочената адреса. Во текот на екплотацијата на уредот кој е монтиран од други инсталатерски екипи, (обезбедени од самиот купувач) доколку се појави дефект во работењето, тогаш ИЦС ГРУП ќе прати своја сервис служба за да процени како резултат на што е настанат дефектот. Ако е како последица на нестручна монтажа, ИЦС ГРУП не ја признава гаранцијата. Доколку дефектот е последица на фабричка грешка, во тој случај ИЦС ГРУП е должен да го замени уредот со ист таков уред. Цените на производите не се менуваат во времето помеѓу нарачка и приемот на производот. Вие ја плаќате цената што може да се види на производ во времето на нарачка на производот.

ПОДГОТОВКА НА НАРАЧКАТА

Сите порачани производи ќе бидат спакувани во сооодветна амбалажа спакувана од производителот, за да истите не бидат оштетени за време на транспортот. Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорности по однос на рекламацијата за испорака на производите. Доколку прозводот е купен со вклучена монтажа, тогаш купувачот заедно со инсталатерот е должен да го проверат уредот за неговата исправност пред да се пристапи кон инсталирање на истиот.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

ИЦС ГРУП ДОО. На почетокот на работето на Е-продавницата овозможува да го платите одбраниот производ исклучиво со: • вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство после добивање на профактрта на вашата е-маил адреса. Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство: Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата еmail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката. Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или на редовниот начинот со уплатница во најблиската банка или пошта. По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака или доколку сте уплатиле производ со вклучена монтажа, нашите монтерски екипи ќе ви ја достават порачаната пратка.

РЕГИСТРАЦИЈА

За да се регистрирате на нашата интернет страна треба да го пополните формуларот даден на www.icsgroup.mk Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата. Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата, должни сте да го ажурирате вашиот профил како би не информирале за настанатите промени.

СИГУРНОСТ

При самата регистрација во нашите интернет продавници должни сте да креирате корисничко име и лозинка која треба да ја зачувате само за себе и да не ја давате на други лица. Одговорни сте за сите акции и нарачки кои се нарачани со вашето име и лозинка. Ако знаете или ако ce сoмневате дека уште некој друг ја знае Вашата лозинка, должни сте да не известите за тоа во нашиот Контакт центар на тел. 02 511 54 24, моб: 076 344 728 или писмено преку e-mail: contact@icsgroup. Mk. Доколку постои било каква сомнителност за некаков пропуст во сигурноста ИЦС ГРУП ДОО. има право од Вас да бара да ја промените лозинката или може да го блокира или избрише Вашиот кориснички профил.

НАДВОРЕШНИ УСЛУГИ

Услугите кои Ви ги овозможува ИЦС ГРУП ДОО интернет продавницата не ги вклучуваат трошоците што ги сносите користејќи ја компјутерската опрема и услугите за пристап на нашите страни. ИЦС ГРУП не е одговорен за трошоците за телефонот или било кои други трошоци кои може да настанат.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Содржината на www.icsgroup.mk интернет продавницата е заштитена и ИЦС ГРУП. доо го има еднинственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината од www.icsgroup.mk мора предходно да добиете одобрение и да не контактирате на e-mail: contact@icsgroup.mk

ДОСТАПНОСТ

Иако ИЦС ГРУП ДОО настојува да Ви ја даде најдобрата понудена услуга, ИЦС ГРУП. ДОО не може да гарантира дека услугите на www.icsgroup.mk ќе одговараат на Вашите потреби. ИЦС ГРУП ДОО исто така не може да гарантира дека услугите ќе бидат без грешки. Доколку дојде до такво нешто Ве молиме да се јавите на тел. број 02 511 54 24 или на e-mail contact@icsgroup. mk како истата би ја отстраниле во најбрз можен период. Пристапот до www.icsgroup.mk понекогаш може да биде недостапен поради работа и одржување на истиот или воведување на нови содржини.

ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

www.icsgroup.mk може да има вклучено врски (линкови) до други интернет страни. Содржините на тие страни се надвор од контролата на ИЦС ГРУП. ДОО и затоа не сме одговорни за содржината на тие страни.

ОГЛАСУВАЊЕ

Делот на www.icsgroup.mk ИЦС ГРУП. ДОО е одговорен за огласувањата во делот на маркетингот и за содржината која треба да биде во согласност со законските норми и правила. ИЦС ГРУП. ДОО не е одговорен за било какви погрешки и неправилности во делот на документацијата од маркетинг кампањата.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Наплата: 

  • Дали има доплата за испораката?
Цената за испораката е бесплатна за целата територија на Р. Македонија.
  • Кои методи на плаќање ги прифаќате?
  • вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство после добивање на про-фактрта на вашата е-маил адреса.Испорака:
  • Што ќе се случи доколку ја пропуштам испораката?
Доколку сте се одлучиле за произод без монтажа, во времето на испорака ако не сте дома или на зададената адреса од порачката, курирот ќе се обиде да Ви телефонира. Ако не може да Ве добие ќе ви оставиме картичка со наведеното време во кое сме биле кај Вас и ќе побараме да не контактирате што е можно побрзо на телефон во Конаткт центарот или на телефонот наведен на картичката. Нарачка:
  • Дали можам да нарачам по телефон?
Не. Сервисот на www.icsgroup.mk функционира исклучиво преку интернет.
  • Каде можам да ги најдам деталите за мојата нарачка?
Информации за Вашите нарачки се наоѓаат во линкот КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ и потоа во линкот МОИ НАРАЧКИ. 
  • Како знам дека нарачката ми е правилно направена?
На крајот на Вашиот процес на купување ќе ви биде прикажана страна која ќе бара од вас да ја потврдите нарачката. Исто така ќе добиете и електронска пошта (e-mail) od www.icsgroup.mk во која ќе ги добиете сите детали од нарачката, про-фактура и потврда на истата. Забелешка: Може да се случи некои наши корисници да не ја добијат потврдата на нивната нарачка преку електронска пошта заради spam филтерите на нивните (e-mail) сервери.
  • Кога е последниот момент до кога можам да направам измени на мојата нарачка?
Вие можете да правите измени и откажувања на вашите нарачки пред да се изврши нарачката или наплата преку интренет од картичка. Доколку имате дополнителни прашања во врска со ова, можете да не контактирате.
  • Како да ги изменам податоците за испорака?
  1. Кликнете на КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ 2. Направете ја измената во рубриката Адреса за Достава Ве молиме да ја смените адресата пред да ја комплетирате нарачката, во спротивно Вашата нарачка ќе биде испорачана на старата адреса.
  • Како да знам дали испорачувате во мојата област?
При Вашата регистрација како нов корисник, ќе бидете замолени да одберете од листата на реони во кои се наоѓа вашата адреса. Во моментов испораката ја вршиме само во границите на Република Македонија.
  • Што доколку ја заборавам својата лозинка?
  1. Кликнете на НАЈАВИ СЕ
  2. Во рубриката ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА внесете го Вашиот e-mail
  3. Кликнете на линкот ПРАТЕТЕ МИ ЈА ЛОЗИНКАТА. Вашата лозинка ќе ја добиете во кратко време на вашиот e-mail. Забелешка: Може да се случи некои наши корисници да не ја добијат лозинката преку електронска пошта заради spam филтерите на нивните (e-mail) сервери.
  • Што доколку сакам да ја сменам својата лозинка?
  1. Пријавете на www.icsgroup.mk со старата лозинка
  2. Кликнете на КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
  3. Во полето Промена на Лозинка
  4. Пополнете ги полињата со стара лозинка, нова лозинка,и повторете ја новата лозинка
  5. Кликнете на Ажурирај Лозинка.