Често поставувани прашања

Дали има доплата за испораката?

-Цената за испораката е бесплатна за целата територија на Р. Македонија.

Кои методи на плаќање ги прифаќате?

-Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство после добивање на про-фактурата на вашата е-маил адреса и со кредитна или дебитна картичка на VISA, MasterCard и Maestro.

Испорака: Што ќе се случи доколку ја пропуштам испораката?

Доколку сте се одлучиле за произод без монтажа, во времето на испорака ако не сте дома или на зададената адреса од порачката, курирот ќе се обиде да Ви телефонира. Ако не може да Ве добие ќе ви оставиме картичка со наведеното време во кое сме биле кај Вас и ќе побараме да не контактирате што е можно побрзо на телефон во Конаткт центарот или на телефонот наведен на картичката.

Нарачка: Дали можам да нарачам по телефон?

Не. Сервисот на www.icsgroup.mk функционира исклучиво преку интернет.

Каде можам да ги најдам деталите за мојата нарачка?

Информации за Вашите нарачки се наоѓаат во линкот КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ и потоа во линкот МОИ НАРАЧКИ.

Како знам дека нарачката ми е правилно направена?

На крајот на Вашиот процес на купување ќе ви биде прикажана страна која ќе бара од вас да ја потврдите нарачката. Исто така ќе добиете и електронска пошта (e-mail) od www.icsgroup.mk во која ќе ги добиете сите детали од нарачката, про-фактура и потврда на истата. Забелешка: Може да се случи некои наши корисници да не ја добијат потврдата на нивната нарачка преку електронска пошта заради spam филтерите на нивните (e-mail) сервери.

Кога е последниот момент до кога можам да направам измени на мојата нарачка?

Вие можете да правите измени и откажувања на вашите нарачки пред да се изврши нарачката или наплата преку интренет од картичка. Доколку имате дополнителни прашања во врска со ова, можете да не контактирате.

Како да ги изменам податоците за испорака?

Кликнете на КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
Направете ја измената во рубриката Адреса за Достава Ве молиме да ја смените адресата пред да ја комплетирате нарачката, во спротивно Вашата нарачка ќе биде испорачана на старата адреса.

Како да знам дали испорачувате во мојата област?

При Вашата регистрација како нов корисник, ќе бидете замолени да одберете од листата на реони во кои се наоѓа вашата адреса. Во моментов испораката ја вршиме само во границите на Република Македонија.

Што доколку ја заборавам својата лозинка?

Кликнете на НАЈАВИ СЕ
Во рубриката ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА внесете го Вашиот e-mail
Кликнете на линкот ПРАТЕТЕ МИ ЈА ЛОЗИНКАТА. Вашата лозинка ќе ја добиете во кратко време на вашиот e-mail. Забелешка: Може да се случи некои наши корисници да не ја добијат лозинката преку електронска пошта заради spam филтерите на нивните (e-mail) сервери.

Што доколку сакам да ја сменам својата лозинка?

Пријавете на www.icsgroup.mk со старата лозинка
Кликнете на КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
Во полето Промена на Лозинка
Пополнете ги полињата со стара лозинка, нова лозинка,и повторете ја новата лозинка
Кликнете на Ажурирај Лозинка.