Енергетски ефикасна климатизација за вашиот дом


Напредни енергетски ефикасни технологии

Нашите решенија за ладење се класифицирани со највисоката ознака за енергетска ефикасност на пазарот. Со акцент на обновлива енергија и заштеда благодарение на нашата технологија со инвертор, имате придобивка од целосно решение што овозможува извонредна удобност, без зголемување на сметката за струја. Нашата посвета за развивање еколошки пријатни решенија за климатизација гарантира дека единиците на Daikin се многу години понапред од правните стандарди.

Опремени со нашата препознатлива технологија со инвертор

Нашиот инвертор е штедлива технологија што избегнува прекумерно трошење енергија во климатизерите со ефикасно контролирање на брзината на моторот. Наместо да троши дополнителна енергија со стартување и стопирање, инверторот ја прилагодува брзината на моторот за да работи постојано и поефикасно. Нашата технологија со инвертор ја намалува потрошувачката до 30%.

Извонредни опции за дизајн на вашиот ентериер

Со толку многу различни типови на внатрешни единици и опции за дизајнирање, создаваме климатизација што ќе се вклопи беспрекорно во вашиот ентериер.


Флексибилните конфигурации се вклопуваат во секој дом

Постојано под контрола

Преземете ја апликацијата Daikin Online Controller, поврзете ја единицата на Daikin со Wi-Fi и контролирајте ја атмосферата од секаде. Толку е лесно.


Нашите најпопуларни климатизери

Daikin ја поставува удобноста на сосем ново ниво со својата производна линија Bluevolution. Со употреба на ново разладно средство, R-32, можеме да ја подобриме енергетската ефикасност до A+++ при режимите за греење и ладење.

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions