Повеќе информации за Daikin Altherma
За новоизградени објекти – Altherma LT (low temperature) – нискотемпературна Altherma
Идеално решение за нови и добро изолирани куќи. Обединува греење, ладење и припрема на топла санитарна вода во еден систем , овозможувајќи максимален комфор и удобност во текот на целата година. Althermaта пред се ја споредуваме со конвенционалните системи за греење, но работи на технологијата на топлински пумпи. Еколошки е поприфатлива, поефикасна и едноставна за одржување.
За стамбена и комерцијална примена – Altherma LT (low temperature) – нискотемпературна моноблок Altherma
Зошто моноблок? Како додаток на Altherma сплит системите, Daikin ја конструираше и верзијата на моноблок систем. Во него сите хидраулични делови се сместени внатре во надворешната единица. Во овој систем цевките за вода, а не цевките за работниот флуид доаќаат директно од надворешната единица во објектот, при што на инсталатерите им се забрзува и поедноставува вградувањето. Достапни капацитети за моноблок се од: 11kW, 14kW и 16 kW.
За реновирани објекти – Altherma HT (high temperature) – високотемпературна Altherma
Вистинско решение за замена на класичните котли. Високата температура на водата што се развива во овој модел на Daikin Altherma е идеална за греење на санитарна топла вода. Овој систем освен што може да го замени класичниот котел, исто така може да се поврзе со веќе постојната грејна инсталација. Високотемпературната Daikn Altherma затоа е идеално решение за реновирани куќи и освен што имаат надворешна и внатрешна единица, истата лесно може да се дополни и со систем на соларни колектори.
Прилагодливо решение – Флекси тип Daikin Altherma
Флексибилниот тип Daikin Altherma e наменет за стамбена и комерцијална примена и преставува 3-во -1. Тоа е систем кој нуди истовремено греење, ладење и припрема на топла санитарна вода. Ова се постигнува благодарение на напредната технологијата на топлинска пумпа на која се базира Daikinovата Аltherma. Флекси типот е всушност одговор на моменталните и идните проблемишто реално постојат со зголемените трошоци на енергија и големото влијание на потребата од конвенционалните системи за греење на училиштата, болниците, спортските сали и хотелите.
Daikin Altherma –греење,топла санитарна вода и ладење
Обновливо и енергетски ефикасно решение за стамбена и комерцијална примена
Бивалентен систем
Создадете дом кој штеди енергија со помош на Daikin Altherma
Бивалентниот состав е идеален доколку се сака да се намалат погонските трошоци и да се зголеми искористливоста на постојните системи за греење, без замена на постојните котли. Со овој систем сега е многу поедноставно да се создаде дом кој штеди енергија: со заедничко користење на постојниот котел на фосилни горива и со топлинската пумпа која користи обновливи извори на енергија, ќе ги намалите своите сметки за потрошена енергија.
Нема потреба за замена на вашиот систем за греење: едноставно додадете нова топлинска пумпа за зголемување на температурата за загревање на веќе постојниот котел на фосилни горива и веќе сте создале дом кој штеди енергија. Топлинската пумпа Daikin Altherma овозможува зголемена искористливост, а ја намалува потрошувачката на енергијата на целиот систем, овозможувајќи дом кој штеди на енергија со мали ангажмани отколку да го заменувате целиот систем.
