fbpx

Altherma LT (low temperature) – нискотемпературна моноблок Алтерма

Altherma LT (low temperature) – нискотемпературна моноблок Алтерма

Зошто моноблок?

Како додаток и дополна  на сплит системот  од топлотната пумпа Altherma, компанијата  Daikin ја престави и верзијата  на моноблок систем во кој сите хидраилични делови се сместени внатре во надворешната единица.Во овој систем, цевките за вода, а не цевките за гас за ладење , доаѓаат директно од надворешната единица во објектот. Со самото  тоа  се скратува  и поедноставува работата на инсталатерите  во фазата на вградување на системот.
Достапни капацитети за моноблок системи: 11, 14, 16 kW.

Ценовно подобра алтернатива од болјерите на фосилни горива

Altherma како систем  е споредлива со конвенционалните системи за греење, а развиена е врз база на технологијата на топлотни пумпи, кои се еколошки поприфатливи а исто така и поекономични и поедноставни за одржување.

Ниска потрошувачка на енергија и ниска емисија на  CO2

Конвенционалните горива во последниве години стануваат се подефицитарни и се поскапи  и поскапи.Како нивната цена расте ,така еден од најатрактивните обновливи извори  на енергија станува технологија на топлотните пумпи од типот ” воздух-вода” Овие пумпи со самото тоа што ја користат бесплатната енергија од околината ( воздухот) преставуваат три пати поефикасен систем за греење од конвенционалните системи за таа цел.Исто така не треба да се заборави и на фактот што нема никаква директна емисија на  CO2.

Едноставни за инсталација

Kомпактната надворешна единица можно е да се постави  боло каде надвор од објектот, при што нема потреба од никакво копање, бушење  и други  земјани работи. Исто така и внатрешниот хидроблок се вградува било каде внатре во самиот објект, За него не е потребна   посебна просторија , а не е потребна и друга дополнителна инфраструктура од типот на оџаци,цистерни за гориво, приклучок за плин или слично.Althermата има можност  да се поврзе со сите стандардни  високотемпературни радијатори, а може да се употреби и при новоизградени објекти, но ис така со голема ефикасност може да се користат и при реновирани и адаптирани згради.

 

  • Тела за загревање 
  • Подно греење
  • Нискотемпературни радијатори
  • Вентилконвектори

МОЖНОСТИ

Соларна опрема за производство на топла вода За уште поголема ефикасност и уште поголема заштеда на енергија, Daikin нуди и комплетен соларен систем.Со него може да  се обезбеди и  до 70% на потребната енергија,искористена  за добивање на топла санитарна  вода. 

Нискотемпературната моноблок Daikin Altherma е идеална за реновирани објекти со добра топлотна изолација и за новоизградени куќи. Лесно се прилагодува со конфигурац-ијата  за подно греење, нискотемпературни радијатори  и вентилконвектори.На тој начин може да се формира универзален систем за греење, со ниска потрошувачка на енергија , со оптимални  технички карактеристики и со минимални погонски трошоци.

Едноставна монтажа и одржување


Надворешната единица на системот – LT моноблок Daikin Altherma, лесно се монтира бидејќи хидрауличните делови се наоѓаат во комплет, а единствено што е потребнода се направи е спојување на цевките за вода,  кои треба да ја поврзат надворешната единица со внатрешниот круг за греење. При тоа не е потребно никакво дополнително ракување со разладното средство.Одржувањето е едноставно, а благодарение на заштитата на надворешната единица од  замрзнување, е постигната работа на единицата и при исклучително  ниски надворешни  температури.

Прочитајте повеќе на следните каталози

Обновливо и енергетски ефикасно решение за стамбена и комерцијална употреба

Ако сте се одлучиле да го смените вашиот систем за греење, со енергетски ефикасен и поекономичен систем, тогаш Daikin Altherma е вистинското решение.

Алтермата преставува систем за греење и производство на топла санитарна вода, базирана  на технологијата на топлотни пумпи кои ја користат и ја добиваат топлината од воздухот. Со самото тоа овој систем преставува соодветна и економична замена  на котлите на фосилни горива Предност е што покрај греење овој систем има опција за ладење во летните периоди.

Високо енергетски-ефикасната топлотна пумпа со технологијата на компресор ја претвара неискористената и неисцрпна топлина од надворешниот воздухот, во корисна топлина  потребна за самиот систем за климатизација или за добивање на топла санитарна вода. Со самото тоа Сите карактеристики за енергетски ефикасен систем, како што е намалената потрошувачка на енергија и намалената емисија на СО2, ги поседува Daikin Altherma и затоа  со право, оваа топлотна пумпа преставува  идеален избор за сечиј дом или комерцијален простор нудејќи идеален комфор.

Конвектори за топлотни пумпи

Конвекторите  на топлински пумпи се многу повеќе отколку вентилконвекторските единици или другите видови на предаватели на топлина. Конвекторите на топлотни пумпи можат по потреба да обезбедат греење, ладење и да постигнат оптимална енергетска ефикасност кога ќе се поврзат со системот – Daikin Altherma,  особено за новоизградените куќи

0