Сместен во срцето на Струга, хотел ФРЕЈА нуди удобен престој на своите гости во луксузни соби и апартмани распоредени на четири нивоа во вкупна површина од приближно 3000м2.
Имајќи ги во предвид фактот дека оваа инвестиција е подржана со ИПАРД средства, високите барања на инвеститoрот за енергетска ефикасност како и квалитетот и долготрајност на опремата за климатизација која требаше да бидат исклучиво со ЕВРОПСКО потекло, беа примарен услов целиот систем за ладење, греење, санитарна топла вода и вентилација да биде реализиран со DAIKIN системи – како една од водечките компании со огромен број на референци за хотелската индустрија.
Идеалната температура и чистиот воздух се постигнати со уникатната DAIKIN VRV – технологија со можност за истовремена работа и во режим на ладење и во режим на греење (Heat Recovery Unit) со висок степен на енергетска ефикасност и заштеда.
Инсталирани системи
- 2 x 56kw VRV IV (heat recovery) топлотни пумпи -DAIKIN
- 32 x каналски и касетни единици- DAIKIN
- 2 x 16kw ALTHERMA HT топлотни пумпи – DAIKIN
- 1 x 16kw ALTHERMA LT топлотна пумпа -DAIKIN
- 2 x VAM-Ј рекуператор со поврат на топлина – DAIKIN
- 1 x iTM DCM60A51 интелигентен контролер – DAIKIN