Решенија за сите потреби одПроектирањеКлиматизацијаВентилацијаТехничко-консултански улсуги
ИЦС ГРУП е фирма во приватна сопственост, која брои 30 искусни инжињери, монтери и сервисери. Специјализирани сме за проектирање и изведба на системи за, греење, ладење, климатизација и вентилација, а нудиме и техничко-консултантски услуги, ревизија и надзор.
ИЦС ГРУП при проектирање и изведба на термотехничките системи и инсталации, наменети за комерцијални, резиденцијални и индустриски објекти, големо внимание посветува на имплементирање на решенија и опрема со висока– енергетска ефикасност, кои користат обновливи извори на енергија (воздух, вода, земја, сонце).
Посебнa чест и привилегија ни преставува фактот што ИЦС ГРУП е дел од фамилијата на светски – престижниот производител на HVAС опрема , DAIKIN од Јапонија.
За овој бренд сме овластени дистрибутери за Македонија, и реализацијата на многуте термотехнички проекти и објекти, најчесто ја правиме со имплементирање на врвна опрема и технологија, преставени од палетата производи на DAIKIN.
За зголемување на ефикасноста во користењето на HVAC системите, ИЦС Груп дополнително реализира решенија и од областа на автоматизацијата и контролата на HVAC системите, но изработува и комплетни BMS (Building Management Systems) решенија, каде покрај HVAC системите, се интегрирани и осветлувањето, лифтови, струја, видео надзор, противпожарна заштита, водовод и други системи потребни за интегрирано функционирање на еден современ објект.
Со искуството на нашите инжињери од преку 20 години во областа на HVAC системите и искуство од преку 15 години во системите за автоматска регулација и BMS, се наметнуваме како сериозна фирма за реализација и имплементирање на вакви проекти, во кои можеме да понудиме:
Доказ за таквиот начин на рбота се големиот број на реализирани објекти : Хотели, болници, канцелариски простории, индивидуални домови, дата центри и сл. (види реф.листа)
Визија на ICS - Group
Благодарни сме на постојаната и професионална подршка, што континуирано ја добиваме од DAIKIN, светскиот лидер во производство на системи за климатизација и вентилација. Во таа насока и ИЦС ГРУП ја има поставено својата визија во работењето.
– Да бидеме лидери на Македонскиот пазар, но и пошироко во проектирање, имплементирање и дистрибуција на енергетско – ефикасни и технолошко напредни системи за греење и ладење, со користење на високо-квалитетните производи на DAIKIN.
Мисија на ICS - Group
Мисијата на ИЦС груп е да излезе во пресрет на барањата на индивидуалните корисници и деловните клиенти, за енергетски ефикасни, оптимални и еколошки системи за греење и ладење, кои користат обновливи извори на енергија.
СЕРТИФИКАТИ И ЛИЦЕНЦИ
ИЦС ГРУП е единствен на Македонскиот пазар со престижниот сертификат PREMIUM HOME C°MFORT EXPERT што го доделува DAIKIN на своите партнери. Ова признание го добиваат само најдобрите компании – дистрибутери во една земја, кои имаат најголемо искуство со производите на DAIKIN.
Партнерите кои DAIKIN ги одбира како дел од оваа програма, претходно се ставени на повеќе годишна анализа и истите имаат поминато низа долготрајни селeкции. Потребно е тимот на вработени да располага со големо стручно искуство и познавање за производите и технологиите на DAIKIN, екипираност од сопствени сервисери и монтери и да имаат изложбено продажни салони.
• Овластувања А и Б – Инженерите вработени во ИЦС ГРУП поседуваат и лиценца А и Б за проектирање, изведба и надзор од областа на машинството.
Деловната политика на ИЦС ГРУП е заснована на следниве принципи.
- Исполнителност
- Квалитетна услугаи производ
- Понуда на технолошко напредни решенија
- Пост-продажна грижа за клиентите
- Долготрајни и фер релации со деловните партнерите
- Едуцирани вработени коиконтинуирано се надградуваат сознаења и бизнис вештини.
- Користење на системи за менаџирање со квалитетот на работење ISO 9001-2004 и системот за управување со околината ISO 14001 – 2008