Зошто да ја одберете DAIKIN PERFERA FTXM-42M?
Зошто да ја одберете DAIKIN PERFERA FTXM-42M?
Еден уред со две функции – инвертер клима уред и прочистувач на воздух.
Daikin Perfera FTXM-42M е високотехнолошко решение за климатизација, кое целосно ги задоволува потребите за греење, ладење и прочистување на воздухот во вашиот дом. Паметна контрола, чист дизајн, заштеда на енергија и исклучително низок шум се карактеристиките со кои се одликува Daikin Perfera FTXM-42M. Со капацитет од Qg 5.4( 1.7-6.0) kW овој клима уред е идеален за препорачана површина од 45-50 м2. Протокот на воздух циркулира низ филтер од титаниум – апатит, кој ги фаќа и ги отстранува мирисите. За отстранувањето на вирусите, бактериите, и разни видови на алергени се грижи вградената DAIKIN иновативна Flash Streamer технологијa. Преку хемиски реакции со молекулите на воздухот, се обезбедува до 99.9% здрав, чист и свеж воздух.Daikin Perfera има 3-D технологија за проток на воздухот
На овој начин, циркулацијата на воздухот не е само хоризонтално туку и вертикално и го достигнува секој агол на собата овозможувајќи пријатна температура во целиот простор.
Двозонското интелигентното око – е уште една паметна технологија вградена во Daikin Perfera
Го следи вашето присуство во климатизираната просторија, го отстранува директниот протокот на воздух од вас, обезбедувајќи максимална удобност и автоматски се префрла во режим на заштеда на енергија ако нема луѓе во просторијата.
Daikin Perfera работи со R-32 еколошки фреон
Ова ја зголемува заштедата на енергија за повеќе од 30-50% и обезбедува енергетска ефикасност од А++ и за ладење и за греење.
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.