Блог новости

Врати се кон Блог новости

Оглас за вработување: ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР – МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од спремен и одговорен профил за работната позиција:

Проектен менаџер

Цел на работното место е: Планирање, организација и контрола на изведбата на проектите. Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот според финасиската спецификација.

Квалификации:

  • Завршено високо техничко образование, или Машински факултет
  • Обука за проектен менаџмент е предност
  • Најмалку 5 години работно искуство на иста или позиција со слични одговорности

Работни задачи и одговорности:

  • Проектирање на термотехнички инсталации и опрема за греење, ладење, вентилација и климатизација
  • Изработка на план за реализација на проектот, со активности и рокови
  • Организација на реализацијата на проектите и координирање на активностите.

Вештини и способности:

  • Високо изразени организациски способности
  • Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација
  • Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки
  • Напредно ниво за работа со компјутер – AutoCAD, Microsoft Office.

Ние нудиме:

  • Конкурентни месечни примања
  • Работа со најквалитени брендови
  • Програми за личен и професионален развој
  • Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Пакет на бонусирање и наградување според учинок.

Работната позиција е во Скопје. Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса  info@icsgroup.mk   (со назнака за работно место Проектен менаџер)

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions