Оглас за вработување: Производствен погон – лимар
ИЦС ГРУП ДОО – Скопје е водечка приватна компанија во областа на HVAC системите и овластен партнер на светски познатите брендови DAIKIN и CLIVET за Македонија. Повеќе од 16 години успешно нудиме комплетни решенија за проектирање, продажба, монтажа, сервис и одржување на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација, реализирајќи проекти за станбени, деловни и индустриски објекти.
Поради континуиран раст и проширување на кадарот, имаме потреба од професионална и технички компетентна личност за работната позицијa:
ЛИМАР
Потребни квалификации:
- Познавање на процесите во лимарското работење.
- Вештини за работа со алат и машини
- Способност за комуникација при превземање на задачите, разјаснување на детали и сл
- Диплома од средно стручно или гимназиско образование
Искуство
- Пожелно е кандидатите да имаат работно искуство во областа на лимаријата, но не е задолжително.
- Добредојдени се и кандидати со предиспозии за работа во областа на лимарското производство, како и работа на терен
Вештини и способности:
- Координација со колегите
- Добри комуникациски и организациски способности
- Уредност и педантност при работењето
- Фокус на детали
Клучни лични карактеристики: Прецизна личност, посветеност кон точно и навремено завршување на задачите.
Ние нудиме:
- Конкурентна плата и дополнителни бонуси според учинокот
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Работно време од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот
Работната позиција е во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса ivona@icsgroup.mk (со назнака за работно место Лимар)
