Оглас за вработување: Раководител на продажба
ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:
Раководител на продажба
Цел на работното место e: Планирање и креирање на акциски план за унапредување на продажбата, преку проширување на базата на клиенти, остварување на таргетите за продажба, маркетинг активности и успешно менаџирање на вработените во тимот.
Потребни квалификации:
- Високо образование, Машински факултет, Економски факултет или сроден факултет од областа Бизнис/ Економија.
- Познавање од областа на истражување на пазари.
- Активно користење на MS Office и интернет пребарувачи.
- Возачка дозвола-Б категорија.
- Активно користење на англиски јазик.
Искуство:
- Работно искуство во продажба минимум 5 години, искуство со маркетинг минимум 1 година и минимум 3 години на раководна позиција.
Работни задачи и одговорности:
- Анализа на пазарот и трендовите.
- Предвидување, планирање , имплементација и евалуација на продажната стратегија.
- Истажување и идентификување на нови можности за развој и ширење.
- Планирање на целите и активностите на одделот, како и следење на реализацијата како и имплементацијата на процесите.
- Планирање и организирање на работните задачи на вработените од тимот.
- Развој и реализација на маркетинг активностите.
- Буџетирање и подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.
Вештини и способности:
- Способност за дефинирање SMART цели.
- Лидерски способности.
- Способност за работа под притисок и запазување на рокови.
- Способност за тимска работа со акцент врз постојано унапредување на работата на тимот.
- Способност за решавање на проблеми и носење одлуки.
- Способност за следење на новитети и постојано учење.
- Аналитички способности.
- Способност за преговарање.
- Вештини за влијание.
Ние нудиме:
- Конкурентни месечни примања.
- Работа со најквалитени брендови.
- Програми за личен и професионален развој.
- Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност.
- Дополнително приватно здравствено осигурување.
- Пакет на бонусирање и наградување според учинок.
Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок. Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса ivona@icsgroup.mk