Оглас за вработување: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОНУДИ
ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОНУДИ
Цел на работното место e: Поттикнување на продажбата преку изработка на понуди, предмери и оптимални решенија во процесот на проектирање и изведба на системите за климатизација.
Потребни квалификации:
- ВСС/ Машински факултет предност има отсек Термодинамика (може да се земат во предвид и кандидати со друг технички факултет).
- Познавање на работа со компјутер (MS Office, Autocad и други програми за проектирање).
- Активно користење на англиски јазик.
Искуство:
- Пожелни се кандидати со и без работно искусто
- Работно искуство од областа на термотехниката ќе се смета за предност.
Работни задачи и одговорности:
- Изработка на понуди по добиени проекти, предмери и тендери.
- Барање на понуди за опрема и материјали од домашни и странски добавувачи.
- Обезбедување на проектантски цени за изработка на предмерите.
- Следење на тендери за јавни набавки и спремање на тендерскa документација.
- Работа со временски рокови.
- Анализа на пазарот и трендовите.
Вештини и способности:
- Одлични пишани и вербални способности за двонасочна комуникација.
- Способност да се разберат барањата и потребите на клиентите.
- Способност за изнаоѓање на технички решенија.
- Способност за анализа на пазар.
- Способност за следење на новитети и постојано учење.
- Аналитички способности.
- Приоретизирање и запазување на рокови.
Ние нудиме:
- Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност.
- Дополнително приватно здравствено осигурување.
- Пакет на бонусирање и наградување според учинок.
Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса ivona@icsgroup.mk