КАКО ПОЛЕСНО ДО КЛИМА УРЕД ИЛИ ТОПЛИНСКА ПУМПА ОД ICS GROUP?
4 ПРАКТИЧНИ НАЧИНИ НА ФИНАНСИРАЊЕ
ИЦС ГРУП, премиум партнер на DAIKIN и CLIVET– производители и лидери на енергетски ефикасни клима уреди и топлински пумпи – го олеснува патот до вашиот нов систем за греење и ладење.
Со цел секое домаќинство да може да ужива во комфор и висока заштеда на енергија, Ви ги претставуваме четирите поволни опции за финансирање што можете да ги искористите уште денес.
1. КУПУВАЊЕ ДО 36 РАТИ СО 0% КАМАТА СО КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ
За сите кои сакаат да ја распоредат инвестицијата на повеќе месеци без дополнителен трошок, во продажниот салон на ИЦС ГРУП се овозможува плаќање до 36 рати со 0% камата преку кредитни картички на:
- Стопанска Банка АД Скопје
- Халк Банка АД Скопје
- Тутунска Банка АД Скопје
Ова е идеално решение за сите кои сакаат финансиски комфор и предвидливост на трошоците.
2. ИНСТАНТ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ СО 0% КАМАТА
Ако немате кредитна картичка или сакате брзо решение, постои можност за инстант потрошувачки кредит до 36 рати без камата, кој се одобрува директно во продажниот салон на ИЦС ГРУП.
Процедурата трае само 10 минути и не е потребно да одите во банка – целиот процес го завршувате на лице место, за веднаш да го обезбедите вашиот уред.
3. 15–20% ГРАНТ ОД GEFF ПРОГРАМАТА
Што точно е #GEFF,како функционира и како им помага на македонските домаќинства?
#ИЦС ГРУП е партнер на GEFF (Green Economy Financing Facility) – меѓународна програма предводена од Европската банка за обнова и развој (EBRD) која преку четирите банки соработнички (Комерцијална ,Тутунска, Шпаркасе и Прокредит Банка) обезбедува средства за македонските домаќинства, полесно да инвестираат во енергетски ефикасни технологии како што се топлински пумпи и високо ефикасни инвертер клими .
КАКО ФУНКЦИОНИРА GEFF?
Со избор на одобрен DAIKIN или CLIVET уред од страна на стручниот тим инженери на ИЦС ГРУП, се аплицира за зелен кредит во една од четирите банки соработнички на Европската Банка за обнова и развој при што ви се одобруваат 15–20% неповратен грант. Оваа поддршка не само што ја намалува цената на уредот, туку ви овозможува долгорочна заштеда на сметките за електрична енергија затоа што инвестирате во премиум модели со висока енергетска ефикасност.
Со овој ГРАНТ во изминатите неколку години ИЦС ГРУП има успешно реализирани многу проекти со Altherma топлински пумпи и мултисплит системи.
Повеќе информации за програмата можете да пронајдете на: www.ebrdgeff.com/macedonia/mk/
4. 30% ГРАНТ ОД GFF (за одредена категорија граѓани)
Аналогно на GEFF, GFF е Фонд за зелено Финансирање во енергетско ефикасни технологии но наменет за одредени категории на домаќинства. Проектот е имплементиран од UNDP ,IOM-UN Migration, UNECE и EBRD и е во форма на зелен кредит со 30% неповратен грант .Реализацијата на средствата е во соработка со двете банки (посреднички ) –ТТК Банка, Silk Road Банка и Штедилница МОЖНОСТИ.
Овој грант е наменет за:
- Млади (од 18 до 35 години)
- Жени како единствен или главен носител на приход (со поголеми приходи од мажот)
- Самохрани родители
- Домаќинства со еден приход
- Домаќинства со три или повеќе деца
- Домаќинства во кои има лица со попреченост
- Роми
- Повратници од странство
- Приматели на дознаки од странство
Со оваа поддршка,трошокот за уредите значително се намалува, а пристапот до енергетска ефикасност станува подостапен за сите.
Како изгледа ПРОЦЕСОТ?
- Ние правиме бесплатна термотехничка анализа и понуда за твојот дом.
- Ти аплицираш за грант со наша целосна поддршка
- Добиената субвенција ја намалува твојата инвестиција од 15-30%
- Уживаш во модерен ,економичен и удобен дом.
Повеќе информации за програмата можете да пронајдете на :
https://ebrdgeff.com/macedonia_gff/mk/
gff2.aplikacija@gmail.com; gff@undp.mk
ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕРТЕ ТОПЛИНСКА ПУМПА ОД ICS Group?
Со овие четири финансиски решенија, секој може да го пронајде најсоодветниот начин и да инвестира во модерен, енергетски ефикасен уред.
Дополнително DAIKIN и CLIVET топлинските пумпи и клими се познати по:
- Висока енергетска ефикасност до А+++
- Напредна инвертер технологија која овозможуваат исклучително ниска потрошувачка – заштеда од 50-80% на енергија ( потврдено со Eurovent сертификат)
- Долг век на траење
- Тивко работење
- Високо квалитетни и еколошки системи.
- Гаранција и сервис од ИЦС ГРУП.
Контактирајте го тимот на ИЦС ГРУП – ПРЕМИУМ ПАРТНЕР на DAIKIN и CLIVET и дознајте која опција е најповолна за вас. Со нас – вашата инвестиција е полесна, побрза и попаметна!
ICS Group – Ваш прав избор.
- Бул.Илинден бр.160/2 Скопје | локација:| https://g.page/ics-group-showroom
- 02/ 3084465 I 076 344 728 | info@icsgroup.mk | www.icsgroup.mk