Блог новости

Врати се кон Блог новости

Оглас за вработување: Машински инженер – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОНУДИ

ИЦС ГРУП ДОО – овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN и Италијанскиот бренд CLIVET за Македонија, специјализирана за проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од спремен и одговорен профил за работната позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОНУДИ (МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР)

Цел на работното место e: Поттикнување на продажбата преку изработка на понуди, предмери и оптимални решенија во процесот на проектирање и изведба на системите за климатизација.

Потребни квалификации:

  • ВСС/ Машински факултет предност отсек  Термичко инженерство
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office, Autocad и други програми за проектирање)
  • Активно користење на англиски јазик

Искуство:

  • Пожелни се кандидати со и без работно искусто
  • Работно искуство од областа на термотехниката ќе се смета за предност

Работни задачи и одговорности:

  • Изработка на понуди по добиени проекти, предмери и тендери
  • Барање на понуди за опрема и материјали од домашни и странски добавувачи
  • Обезбедување на проектантски цени за изработка на предмерите
  • Следење на тендери за јавни набавки и спремање на тендерска документација
  • Работа со временски рокови
  • Анализа на пазарот и трендовите.

Ние нудиме:

  • Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Пакет на бонусирање и наградување според учинок

Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail адреса: ivona@icsgroup.mk

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions