Блог новости

Врати се кон Блог новости

Оглас за вработување: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОНУДИ

ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОНУДИ

Цел на работното место e: Поттикнување на продажбата преку изработка на понуди, предмери и оптимални решенија во процесот на проектирање и изведба на системите за климатизација.

Потребни квалификации:
  • ВСС/ Машински факултет предност има отсек Термодинамика (може да се земат во предвид и кандидати со друг технички факултет).
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office, Autocad и други програми за проектирање).
  • Активно користење на англиски јазик.

Искуство:

  • Пожелни се кандидати со и без работно искусто
  • Работно искуство од областа на термотехниката ќе се смета за предност.

Работни задачи и одговорности:

  • Изработка на понуди по добиени проекти, предмери и тендери.
  • Барање на понуди за опрема и материјали од домашни и странски добавувачи.
  • Обезбедување на проектантски цени за изработка на предмерите.
  • Следење на тендери за јавни набавки и спремање на тендерскa документација.
  • Работа со временски рокови.
  • Анализа на пазарот и трендовите.

Вештини и способности:

  • Одлични пишани и вербални способности за двонасочна комуникација.
  • Способност да се разберат барањата и потребите на клиентите.
  • Способност за изнаоѓање на технички решенија.
  • Способност за анализа на пазар.
  • Способност за следење на новитети и постојано учење.
  • Аналитички способности.
  • Приоретизирање и запазување на рокови.

Ние нудиме:

  • Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност.
  • Дополнително приватно здравствено осигурување.
  • Пакет на бонусирање и наградување според учинок.

Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса  ivona@icsgroup.mk

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions