Блог новости

Врати се кон Блог новости

ИЦС ГРУП и оваа година добитник на престижното признание – “DАIKIN HIGHEST TURNOVER“

Чест и задоволство ни е да ја споделиме нашата радост за добиената нова награда “Daikin HIGHEST TURNOVER” за изминатата  2019 година. ИЦС ГРУП и оваа година, како и во претходните неколку  години,  го добива признанието за постигнат најголем успех од сите дистрибутери на Daikin во Македонија.

Тоа е уште една потврда за нашиот професионализам во проектирање и изведба на енергетско – ефикасни решенија за климатизација и вентилација за комерцијални и индивидуални објекти, голема посветеност во работата и пред се лојалност кон брендот Daikin.

Воедно сакаме да изразиме Благодарност до сите наши вработени, соработници и клиенти кои ни ја дадоа својата доверба, не подржуваат во нашата мисија и веруваат во нас!

ИЦС ГРУП – PREMIUM Partner на DAIKIN за Македонија.

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions