Блог новости

Врати се кон Блог новости

ИЦС ГРУП ДОО се стекна со сертификатот„Фер со потрошувачот“

ИЦС ГРУП ДОО Скопје се стекна со сертификат “ФЕР со потрошувачот”, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека ИЦС ГРУП ДОО Скопје е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делување.

„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на ИЦС ГРУП ДОО Скопје кон процесот на сертификација. Тоа  значи дека компанијата во сите наведени области ги исполнила условите и се стекна со сертификатот-ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзаноста на ИЦС ГРУП ДОО Скопје да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон зголемување на довербата и задоволството кај потрошувачите.  ИЦС ГРУП ДОО Скопје претставува сертифицирана компанија која ќе биде објавена на веб страната ФЕР со потрошувачот за сертифицирани компании” и веб страната на Организацијата на потрошувачите на Македонија, изјави претседателката на ОПМ Д-Р Маријана Лончар Велкова. Сертификатот „ФЕР со потрошувачот“ се доделува на компании кои имаат имплементирано :                                   

  • јасно дефинирана стратегија за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите,
  • примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите,
  •  техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, кои гарантираат заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност,
  • инвестираат во едукација и свесност на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.

ИЦС ГРУП – ПРЕМИУМ ПАРТНЕР НА DAIKIN 

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions