Блог новости

Врати се кон Блог новости

ICS Group – Daikin Kings- за највисок промет во 2024 годинa.

ICS Group повторно го доби престижното признание “Daikin Kings – Highest Turnover 2024”.  за реализирање најголема продажба на Daikin системи за финансиската 2024 година. Со ова признание ICS Group го задржа приматот- лидер на македонскиот пазар за HVAC системи од брендот DAIKIN,благодарение на својата стручност, професионализам и тимска работа.

Клучни фактори за успехот на ICS Group

  • Долгогодишно искуство: Компанијата има 15 години постоење и 30 години стручност во проектирање и реализација на иновативни, енергетски ефикасни решенија за греење и ладење на резиденцијални и комерцијални објекти, секогаш користејќи ги најсовремените DAIKIN системи.
  • Премиум партнерство со DAIKIN: Уште од 2011 година, ICS Group е сертифициран Premium Expert Partner на DAIKIN за Македонија, што гарантира висок квалитет и напредни решенија за клиентите.
  • Целосна поддршка за клиентите: Од проектирање, преку продажба и професионална инсталација, до сервисирање и одржување, ICS Group обезбедува комплетна услуга за HVAC системи, прилагодени на индивидуалните потреби на секој клиент.
  • Реализација на значајни проекти: Во богатото портфолио на компанијата се вбројуваат голем број објекти реализирани во претходните години, но и објекти кои тековно се реализираат во моментов како што се Станбено-деловниот објект Grand River лоциран во центарот на градот на самиот кеј на реката Вардар, Стопанска Банка, Уни Банка, LIDL  маркети и логистички центри и бројни резиденцијални проекти, Сето ова ја потврдува нашата стручност и професионален пристап .
  • Поддршка за зелени инвестиции: Во соработка со Европската Банка за Обнова и развор, ICS Group со своите системи е вклучен во добивање на зелени кредити преку програмите GEFF и GFF, што им помага на клиентите да инвестираат во одржливи и еколошки HVAC решенија со финансиска поддршка.

DAIKIN – Глобален лидер во HVAC индустријата

DAIKIN е светски бренд со 100-годишна традиција, познат по своите иновации, енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија, со повеќе од 96.000 вработени во 173 земји низ целиот свет. Најновите генерации на топлотни пумпи Daikin Altherma и Daikin VRV со исклучително низок коефициент на глобално затоплување, го прави овој бренд избор број еден за модерни и одржливи системи за греење и ладење.

Со признанието “Daikin Kings – Highest Turnover 2024”, ICS Group уште еднаш ја потврди лидерска позиција и доверливост на македонскиот пазар, нудејќи иновативни, енергетски ефикасни и целосно интегрирани решенија за греење и ладење, во партнерство со глобалниот лидер DAIKIN.

Продажен салон i-Showroom:

бул.Илинден бр.160/1, Карпош
Тел. (02) 30 84 465 / 076 / 344-728
e-mail: i-showroom@icsgroup.mk

Дирекција.
Ул. 164 бр.46а,1000 Скопје, МАКЕДОНИЈА
Тел: (02) 3109 949
e-mail: info@icsgroup.mk

www.icsgroup.mk

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions