Блог новости

Врати се кон Блог новости

Оглас за вработување: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР- ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР

ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:

Машински инженер – Проектен менаџер

Цел на работното место е: Планирање, организација и контрола на изведбата на проектите. Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот според финасиската спецификација.

Потребни квалификации:
  • Завршено високо техничко образование –  Машински факултет.
  • Обука за проектен менаџмент е предност.
  • Најмалку 3 години работно искуство на иста или позиција со слични одговорности.

Работни задачи и одговорности:

  • Разработка на проектите за термотехнички инсталации и опрема за климатизација.
  • Изработка на план за реализација на проектот, со активности и рокови.
  • Организација на реализацијата на проектите и координирање на активностите.

Вештини и способности:

  • Високо изразени организациски способности.
  • Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација.
  • Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки.
  • Напредно ниво за работа со компјутер – AutoCAD, Microsoft Office.

Ние нудиме:

  • Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност.
  • Конкурентни месечни примања.
  • Работа со најквалитени брендови.
  • Дополнително приватно здравствено осигурување.
  • Пакет на бонусирање и наградување според учинок.

Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса  ivona@icsgroup.mk  (со назнака за работно место Машински инженерПроектен менаџер)

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions