fbpx

Блог новости

Врати се кон Блог новости

Зошто да ја одберете DAIKIN PERFERA FTXM-42M?

Зошто да ја одберете DAIKIN PERFERA FTXM-42M?

Еден уред со две функции – инвертер клима уред и прочистувач на воздух.

  Daikin Perfera FTXM-42M е високотехнолошко решение за климатизација, кое целосно ги задоволува потребите за греење, ладење и прочистување на воздухот во вашиот дом. Паметна контрола, чист дизајн, заштеда на енергија и исклучително низок шум се карактеристиките со кои се одликува Daikin Perfera  FTXM-42M. Со  капацитет од  Qg 5.4( 1.7-6.0) kW овој  клима уред   е идеален  за препорачана површина од 45-50 м2. Протокот на воздух циркулира низ филтер од титаниум – апатит, кој ги фаќа и ги отстранува мирисите. За отстранувањето на вирусите, бактериите, и разни  видови на алергени се грижи вградената DAIKIN иновативна Flash Streamer технологијa. Преку хемиски реакции со молекулите на воздухот, се обезбедува до 99.9% здрав, чист и свеж воздух.  

Daikin Perfera има  3-D технологија за  проток на воздухот

На овој начин, циркулацијата на воздухот не е само хоризонтално туку и вертикално и го достигнува секој агол на собата овозможувајќи  пријатна температура  во целиот простор.

Двозонското интелигентното око – е уште една паметна технологија вградена во Daikin Perfera

Го следи вашето присуство во климатизираната просторија, го отстранува директниот протокот на воздух од вас, обезбедувајќи  максимална удобност и  автоматски  се префрла  во режим на заштеда на енергија ако нема луѓе во просторијата.     Со апликацијата Online Controller, вашата домашна атмосфера ја одржува под целосна контрола. Дополнителната технологија ви овозможува да ја следите состојбата на клима уредот и да ја контролирате температурата, брзината на вентилаторот, насоката на проток на воздух и режимот на филтрирање. Со онлајн контролорот можете да програмирате до 6 различни активности дневно за 7 дена однапред. Последно, но не и најмалку важно, програмата ви дава детални податоци за потрошувачката на енергија, која мудро му помага на семејниот буџет. Можете да ја преземете апликацијата Онлајн контролер за Android или iOS

Daikin Perfera работи со R-32 еколошки фреон

Ова ја зголемува заштедата на енергија за повеќе од 30-50% и обезбедува енергетска ефикасност од А++ и за ладење и за греење.   Daikin Perfera е вистински клима уред од 21 век со фантастични карактеристики и висока енергетска ефикасност. Сега со промотивен попуст од 20%. Ако го сакате најдоброто за вашиот дом, и во лето и во зима, обрнете големо внимание на оваа Daikin серија. Повеќе информации за DAIKIN PERFERA FTXM-42M Тука

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости