Блог новости

Врати се кон Блог новости

КАКО МОЌНАТА FLASH STREAMER ТЕХНОЛОГИЈА НА DAIKIN ГИ УНИШТУВА ВИРУСИТЕ И АЛЕРГЕНИТЕ

За оние кои страдаат од астма, алергии и чести вирози, особено ако овие заболувања претставуваат пречка во спиењето, замор, слаба концентрација и предизвикуваат други здравствени проблеми, Daikin прочистувачите на воздух (URURU MCK75J и МС70L), со моќната Flash Streamer технологија на разградување, помагаат да се отстранат бактериите, вирусите, алергените, поленот и непријатните мириси од вашиот дом.

Што e Flash Streamer технологија?

Flash Streamer технологија е она што ги прави прочистувачите за воздух на Daikin поразлични и поефикасни и од многу вакви уреди на пазарот.”Flash Streamer“ е тип на плазма–празнење при што се генерираат електрони со голема брзина, способни да ги активираат молекулите на кислородот и азотот од воздухот, овозможувајќи  оксидативно разградување на бактериите,вирусите, мувлата, алергените и опасните хемиски материи. При овој процес се разградуваат протеинските  површини на овие честици, правејќи ги истите понатаму безопасни и безбедни за околината.

Flash Streamer  технологијата на Daikin има поширок опсег на празнење од конвенционалните филтри за воздух со помош на оксидативната брзина, а распаѓањето е 1000 пати побрзо и совршено безбедно за вашето семејство.

Со самото ова Daikin прочистувачите на воздух се дизајнирани со цел не само да прават собирање на честиците од прашина, бактерии, влакна од домашни миленичиња, мувла, полен како и разни други алергени и непријатни миризби, туку истите со Плазма јонизаторскиот филтер и Flash Streamer -от ефикасно да се разградат и распаднат, правејќи го понатаму внатрешниот воздух чист и здрав.

Шест нивоа (фази) на филтрирање на кои функционираат Daikin прочистувачите:

1. Flash Streamer единица – испраќа eлектрони со голема брзина и овозможува распаѓање на штетните честици (вируси, бактерии, полен) и непријатните мириси

2. Предфилтер (co катехин*) – ги задржува покрупните честички на прашина и влакна од домашни миленичиња

3. Плазма јонизатор – има функција негативно да ги наелектризира прашината и поленот и да ги насочи до електростатичкиот филтер.

4. Електростатичен филтер за собирање на прашината и поленот
5. Титан-апатитски фотокаталитичен филтер* ги апсорбира и разградува непријатните мириси, бактерии и вируси.

6. Дезодорирачки катализатор каде непријатните мириси се впиваат и разградуваат, а воздухот се дезодорира пред да биде вратен во просторијата.

* Катехин е природна антибактериска материја произведена од лист на чај, која ги убива прикачените микроби на фатените честички.

* Титан-апатит филтер – претставува  нов нано-технолошки материјал. Има својство да врши деактивација и деструкција  на повеќе од 99.9% од вирусите, бактериите и ентеротоксините и е со 2,5 пати поголема апсорпциона способност отколку конвенционалните фотокаталитички филтри.

Микроскопски приказ на штетните честици пред и после третманот со  Daikin Flash Streamer прочистувачите

Ефикасноста на Streamer Technology  во  Daikin прочистувачите на воздух, беше лабораториски докажана и потврдена со многу тестови  преку кои се гледа   распаќањето на повеќе  видови вируси, бактерии,алергени и штетни хемиски материи.

*Наведените експерименти се изведени од надворешни лабаратории на барање на Daikin Industries LTD.( University Yamagata, Wakayama Medical University,    Kitasato Research Center of Environmental Sciences,  Kobe University Graduate School National Institute of Hygiene and Epidemiology –Vietnam,Tohoku Bunka Gakuen  University –Japan)

  • Вируси: influenza virus (type A, H1N), високо вирулентен Avian Influenza virus (type A, H5N1), Bacillus coli, O-157, Norovirus
  •  Бактерии: Staрhylococcus aereus, Pseudomonas aeruginosa, Tuberculosis бактерија.
  • Алергени: Габични алергени, алергени засновани на полен, алергени од живи суштества, алергени од пченично брашно.
  • хемиски супстанции: Честички од издувни гасови од дизел гориво (DEP), штетни хемиски супстанции во издувни гасови: NOx, tetrachlorethylene, benzene, trichloroethylene, dichloroethane, dichloromethane, chloroform, штетни органски материи (VOC): iso-butanol, hexane, styrene, nonanoic acid, trimethyl benzene, xylene, naphthalene, ethyl benzene, toluene, ethyl acetate и др.

Бидејќипоследниве години, влијанието од загадениот воздух врз здравјето на луѓето е драстично зголемено, единствен начин за да се заштитиме и да дишеме чист воздух во домот, е да се избере вистинскиот прочистувач. Задолжително квалитетот и ефикасноста на овие уреди, да биде потврден со лабораториски испитувања, и докажан со соодветни сертификати и извештаи.

  • 0 out of 5

    Прочистувач на воздух MC70L

    • Силно и моќно прочистување на воздухот со DAIKIN FLASH STREAMER технологијата – спој на нова технологија со подобрени карактеристики и исклучително тивок режим на работа
    • овозможува овој производ да го подобрува квалитетот на воздухот во секоја просторија
    • Во широк опсег ги уништува и отстранува честиците на прашина, разни непожелни мириси и микроби, а вирусите ги прави безопасни за средината
    • Голем проток на воздух: 420 m³/h во турбо режим на работа
    • Го збогатува воздухот со негативни јони обезбедувајки здрава атмосфера во секоја просторија
    • Мала бучавост до 16 dBA
    • Лесна, компактна и мобилна единица
    • Едноставен начин на чистење и ниски трошоци за одржување
    30.000,00 ден. 19.800,00 ден. (со вклучено 18% ДДВ)

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions