Оглас за вработување: Машински инженер – Проектен менаџер
ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија, овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од спремен и одговорен профил за работната позиција:
Машински инженер – Проектен менаџер
(со работно искуство)
Цел на работното место е: Планирање, организација и контрола на изведбата на проектите. Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот според финасиската спецификација.
Потребни квалификации:
- Завршено високо техничко образование – Машински факултет.
- Обука за проектен менаџмент е предност.
- Потребно е работно искуство на иста или позиција со слични одговорности.
Работни задачи и одговорности:
- Разработка на проектите за термотехнички инсталации и опрема за климатизација.
- Изработка на план за реализација на проектот, со активности и рокови.
- Организација на реализацијата на проектите и координирање на активностите.
Вештини и способности:
- Високо изразени организациски способности.
- Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација, способност за читање технички цртежи и работа со документација.
- Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки.
- Напредно ниво за работа со компјутер – AutoCAD, Microsoft Office.
Ние нудиме:
- Конкурентни месечни примања
- Работа со најквалитени брендови
- Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Пакет на бонусирање и наградување според учинок.
- Работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот
Работната позиција е во Скопје
Целокупната работа е низ цела Македонија и странство.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса ivona@icsgroup.mk (со назнака за работно место Машински инженер – Проектен менаџер)