Оглас за вработување: СЕРВИСЕР ЗА КЛИМИ, ТОПЛОТНИ ПУМПИ И VRV СИСТЕМИ (СО ИСКУСТВО)
ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од спремен и одговорен профил за работната позиција:
СЕРВИСЕР за HVAC опрема
- Цел на работното место: Сервисирање и одржување на клима уреди, топлотни пумпи, VRV системи и друга HVAC опрема.
Квалификации:
- Потребно е работно искуство како сервисер за клима уреди, топлотни пумпи, VRV системи.
- Способност за работа со фреонски инсталации и струјни електрични инсталации.
- Способност да установи дефект и причина за истиот
- Способност да толкува шеми и работни планови
- Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач
- Познавање на MS Office пакетот
- Средно стручно образование
Клучни лични карактеристики:
- Прецизности и точност во работењето, педантност, уредност, лична одговорност.
Ние нудиме:
- Конкурентна плата
- Дополнителни бонуси според учинокот и постигнатите резултати
- Приватно здравствено осигурување
- Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
- Програми за професионален развој, посета на обуки и семинари
- Работа со премиум брендови
Работната позиција е во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса ivona@icsgroup.mk (со назнака за работно место Сервисер).