Оглас за вработување: МАГАЦИОНЕР
ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот во магацинското работење имаме потреба од спремен и одговорен профил за работната позиција:
МАГАЦИОНЕР
Потребни квалификации:
- Познавање на процесите во магацинско работење.
- Задолжително познавање од материјално работење и користење апликативен софтвер
- Познавање (активно на користење) на MS Office пакетот
- Поседување на возачка дозвола Б категорија
- Диплома од средно стручно или гимназиско образование
Искуство
- Потребно е минимум 3 години работно искуство.
Вештини и способности:
- Координација со колегите
- Добри комуникациски и организациски способности
- Уредност и педантност при работењето со целокупната документација
- Фокус на детали
Клучни лични карактеристики: Прецизности и точност во работењето, педантност, уредност, лична одговорност.
Ние нудиме:
- Конкурентна плата и дополнителни бонуси според учинокот
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
Работната позиција е во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса info@icsgroup.mk (со назнака за работно место Магационер)