Оглас за вработување: ПОМОШНИК НА ТЕРЕН
ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од вработен за работната позиција:
ПОМОШНИК НА ТЕРЕН
Цел на работното место: Асистирање и испомош при сервис на клима уреди, топлотни пумпи, VRV системи и опрема од брендот DAIKIN.
Работа на објекти на одржување на системите за греење и ладење, пуштање на опремата во работа и сл.
Потребни квалификации:
Без искуство
- Предиспозиции за работа со фреонски инсталации.
- Желба за учење и развој и надградување на знаењето.
- Желба за теренска работа.
- Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач.
Со искуство
- Пожелно е работно искуство како помошник сервисер за клима уреди.
- Диплома од средно стручно образование (машинска или електро струка).
- Основно познавање на системите за климатизација.
- Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач.
- Способност за работа со фреонски инсталации и струјни електрични инсталации.
Клучни лични карактеристики: Прецизности и точност во работењето, педантност, уредност, лична одговорност.
Ние нудиме:
- Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
- Програми за професионален развој, посета на обуки и сл
- Работа со најквалитетните брендови
Работната позиција е во Скопје
Целокупната работа е низ цела Македонија и странство.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса ivona@icsgroup.mk (со назнака за работно место помошник на терен)