Оглас за вработување: Машински инженер – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОНУДИ
ИЦС ГРУП ДОО – овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN и Италијанскиот бренд CLIVET за Македонија, специјализирана за проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од спремен и одговорен профил за работната позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОНУДИ (МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР)
Цел на работното место e: Поттикнување на продажбата преку изработка на понуди, предмери и оптимални решенија во процесот на проектирање и изведба на системите за климатизација.
Потребни квалификации:
- ВСС/ Машински факултет предност отсек Термичко инженерство
- Познавање на работа со компјутер (MS Office, Autocad и други програми за проектирање)
- Активно користење на англиски јазик
Искуство:
- Пожелни се кандидати со и без работно искусто
- Работно искуство од областа на термотехниката ќе се смета за предност
Работни задачи и одговорности:
- Изработка на понуди по добиени проекти, предмери и тендери
- Барање на понуди за опрема и материјали од домашни и странски добавувачи
- Обезбедување на проектантски цени за изработка на предмерите
- Следење на тендери за јавни набавки и спремање на тендерска документација
- Работа со временски рокови
- Анализа на пазарот и трендовите.
Ние нудиме:
- Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Пакет на бонусирање и наградување според учинок
Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса: ivona@icsgroup.mk
